го (зам.) - јазик (имн.)

„Рашири му ги вилиците! Извади му го јазикот!“ рече генералот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тој му довикна со присмев: - Е, - еј, шеспаре, прибери си го јазикот, не лижи ја скалата...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- И окуражен од смеата, што ја предизвикаа неговите зборови кај другите, продолжи со истиот тон да му се подбива: - Врзи си го јазикот, зарем отиде, ќе онемиш...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Молчи, гризни си го јазикот, не дај боже!
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Бргу потоа ѝ рече: „Кога ќе се земеме, не ќе мораш да го менуваш презимето“, рече Едо скоро поткаснувајќи си го јазикот поради смелоста што си ја дозволи.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Су, протонувајќи го палецот меѓу показалецот и средниот прст, натопорено му покажа шипка при тоа покажувајќи му го јазикот. ***
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Додека цел свет пукаше од смеа, таа беше убедена дека го изговара токму она што Мараја Кери го изговара користејќи го јазикот на кој зборува.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Глигор многу уште раскажуваше за своето скитање со Едип по морето и долго време потоа, китејќи го јазикот со умилни зборови ја опишуваше убавината на Смарагда.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
— Нема бегање, велам, прегризи си го јазикот!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Што рече, што рече?...” пламна офицерот исфрлајќи го јазикот како змија.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Долу во дворот има една супер шупа, никој нема да ни пречи!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Исплази го јазикот да ти го видам!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Беше среќен што оживувајќи го јазикот на сиџилите, го доби божјиот благослов, спасот на семејството, останувајќи му верен на својот мајчин јазик!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Збор станува за тоа дека животот е протинање низ иглени уши Некој непознат нè држи цврсто за вратот нишани во увото на иглата и говори суво како да чита од Светото Писмо: Не дишете додека ве протинам приберете си го јазикот Цврсто затворете ги очите Протинањето подразбира гаснење на светлината Протинањето е патување низ мрак И не спомнувај го повеќе спокојството Мускулите нека спласнат Помислите нека исчезнат И заземете став на птица пред летнување Сѐ друго ќе биде запишано на вашата кожа со ваша крв.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Потоа наидува заповедта која Од збунетост и самата останува зината: Вели: исплази ѝ го јазикот на вистината!
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Курсистите со мака чкртаа по тетратките, префрлајќи го јазикот од едната на другата страна во устата, или чешајќи го тилот.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Чита некоја книга чијшто наслов Милчо не може да го види затоа што ја држи книгата свиткана во една рака за да може сладоледот да го држи во другата рака, и сè така лижнува: подиставајќи го јазикот и вовлекувајќи го во устата; задлабена во книгата, сè тоа несвесно ги чини; ако ѝ капне сладоледот на раката, таа и раката ја лизнува; ако ѝ капне на голите колена, таа и нив ги лизнува не оставајќи капката да ѝ се разлие.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Тоа ќе го дознаеме од Билјана. Ѝ велам: - Биле, кога ќе го сретнеш тој човек другпат, пак исплази го јазикот и свирни му.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Ууу, камен ти под јазик, Уљо, велам јас, ти поткасај си го јазикот, а нему и другата нога нека му се исуши!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)