го (зам.) - резултат (имн.)

Веднаш зажалив што поставив такво прашање и воопшто што моите две тетки треба да имаат вакви незгодни средби само поради мене.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Можеш да го добиеш C-A-G-E множејќи ги интервалите од B-A- C-H со 31/3 , и заокружувајќи го резултатот на најблискиот цел број.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
А, контрола немаш никаква. Ти само продолжи да си ги пиеш своите кафиња, да си пушиш цигари и да си пишуваш текстови.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Почувствував грижа на совест дека го зафаќам тоалетот поради тоа што беше еден за целото семејство и веднаш сиот се препотив и се стегнав, уништувајќи го резултатот од претходното туширање.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Сум ти рекол јас – продолжи татко ми – премногу доверба имаш во неа! Ете ти го резултатот, гледаш?!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)