го (зам.) - писмо (имн.)

Мислам оти да се јдоговараме, вели Максим Акиноски и му вели на Јосифа нивни Акиноски Собери го планот, а потоа на Костадина Дамчески му вели Дај ми го писмото.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
— Земи го писмово и однеси му го да видиш што ќе рече — му го подаде Дорев писмото и го испрати.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ноншалантно извадете го писмото од ковертата и прочитајте ја последната желба: „Го заветувам своето тело за напредокот на кулинарството“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Потоа отиде до прозорецот, носејќи го писмото в раце.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Плачеше и се смееше во исто време, кинејќи го писмото на ситни парчиња.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Пишувајќи го писмото, не сетив дека се приквечерило. Наскоро ќе се смрачи.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Големиот Мајстор го дочита писмото до крај, потоа, сеуште држејќи го писмото во рака остана уште долго замислен во својата фотелја додека во собата бавно надоаѓаше ноќта.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
- Дај ми го писмото! - рече дедо Димо со насолзени очи.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се поздравија, Христина подавајки му го писмото му рече: „многу ми е жал“ и си замина.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Го заврши писмото и ѝ го подаде на сестра си: „ Тине, само една молба: те молам оди во петок во 18 часот на клупата кај сато и дај му го писмово“ и легна во креветот додека од очите и извираа солзи.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Сите овие прашања Марија постојано си ги поставуваше, чекајќи го писмото од Карл. ***
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Земајќи го писмото, прашав: - Да купам ли леб? Што?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Прими го писмово мое со татковска наклоност и проштавај што се осудува слугата твој да ти го нарушува мирот и да ти го одзема скапото време.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Балонов ти го испраќа тетка ти и ти го честита роденденот, - рече баба му читајќи го писмото.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
ЛУКОВ: Остави го писмото.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Читајќи го писмото, Злата забележа на него капка крв, засушена.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
- Дај го писмото, ми вели Јон. Не го заборавил.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)