го (зам.) - минато (имн.)

Заборавете го минатото како средство за обвинување, исчистете се еднаш од тие напластени шеми на размислување, тука треба да се разберат и простат грешките од минатото.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Значи, за да станеш видовит, кој го раскажува минатото, ја гледа сегашноста и „може“ да ја предвиди иднината, не мора да завршиш студии за историја (дека така одеше дефиницијата за историја - запознај го минатото, за да ја разбереш сегашноста, за да можеш да ја предвидиш иднината), ами само еднаш да паднеш во кома на пократок рок, па кога светлината на крајот на тунелот ќе ти се појави, да се сториш пишман и - оп, рикверц, ама со нов ум, претприемнички подготвен да го спасиш и општеството и човештвото.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Актуалниот објект и виртуалната слика, објектот што станал виртуален и сликата што станала актуална, тоа се фигури што се јавуваат уште во елементарната оптика.5 Но во секој од случаите, дистинкцијата помеѓу виртуалното и актуалното одговара на најтемелниот расцеп на Времето, кога тоа напредува диференцирајќи се кон два големи пата: правејќи да мине сегашноста и чувајќи го минатото.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Затоа, секогаш треба да имаме позитивни мисли и зборови, тие се енергетски ентитети што ни ја определуваат иднината.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ах, поткровјето е темно, пријателско место, преполно со Времето, и ако застанеш токму во неговото средиште, мирен и исправен, со втренчен поглед, мислејќи и замислувајќи, насетувајќи го Минатото, исправајќи ги рацете пред себе за да ја почувствуваш Дамнешнината, тогаш зошто не...
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)