го (зам.) - клуч (имн.)

Пристапете ѝ, спуштете го клучот на масата и прашајте дали е слободно да седнете.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
ИЛИЈА: (ѝ дава клуч). Еве ти го клучот од куќата моја, земи го, кај тебе нека стои. Куќата моја — твоја.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Остави ми го клучот од дома да ви поисчистам и некој ден, кога ќе ти е згодно, ќе дојдеш и таа ќе си дојде дома сама, како жена при маж.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Раскажете ѝ го како да сте го сонувале, иако не сте.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Веќе во лулката на сонливоста, пензионерот Богдан Грм му го остави шахот и бакшишот од три динари на неизбричениот келнер, и замајќи го клучот од својата соба 09, зарипнато прашува за бројот на собата на госпоѓата со внучката. – Дваесет и девет, точно два ката над вас – одговара неизбричениот портир со (соучесничка) насмевка.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Осветли ми ја мислата Господе, осознај ме, покажи ми го клучот на тајните двери низ кои влегов.“
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)