го (зам.) - знаме (имн.)

Чувај го знамето, во најскритото место. Кога ќе ни се врати слободата, крени го над чатијата! Ти или внуците!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
А боите на осветлението се менуваат во сите мени прекажувајќи го знамето на нашата држава што низ него изгледа многу поголемо и многу посилно.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Мајка, гледајќи го знамето, сега убаво послано, исчи­стено од правот на времето, продолжи тивко: – Се вративме во нашата куќа крај Езерото.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Дури тогаш јас сфатив, ја откачив Ѕвезда од себе и застанав пред Петрета кој, подавајќи ми го знамето, се наведна и ми рече: - Цврсто држи го. Со двете раце!
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Побрзај и благо притегни го знамето над срушената новоградба, зашто камен темелник во зидините на срцето притиска од срушената арматура што двајцата ја градевме со челични столбови закопани длабоко во душата...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)