го (зам.) - дедо (имн.)

Прашај го дедо ми, тој повеќе ќе ти каже. А сега да одиме!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
На здравје... - попскиот син испружи рака, гледајќи го дедо в очи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ајде, поздрави го дедо ти и кажи му дека му го давам најдоброто.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Жените и мажите го чекаа пред порти или го пресретнуваа на улица распрашувајќи се преплашени и жалејќи го деда Бошка што го снашло вакво зло.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Прашај го дедо, ако не ми веруваш, - ѝ одговорив.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)