го (зам.) - сиот (зам.)

Покажувајќи им го сето тоа на другарите, јас се надевав потајно дека ќе го побудам некого од нив, поголем, поснаодлив, поблизок до воспитачот, да се заинтересира за мојот случај и можеби да ми помогне.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Врзувајќи го сето тоа за мојата желба за играње со статистиката и со листите на работите, ете тоа би била заднината на целата моја филмска работа.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Анализирајќи го сето тоа од денешна перспектива, од една временска дистанца која не е толку мала, ние можеме со сигурност да тврдиме дека репортерските записи на Никола Кирков влегуваат како интегрална составка на драматичните општествени, социолошки и културни процеси на времето што е мотив на овие новиварски анализи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Човечките солзи не се слабост, немоќ, тие се еруптивен вулкан кој избувнува со целата своја сила, откривајќи го сето она што цело време било потиснувано и тлеело под површината на душата.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ако му кажеш на тоа/нему, „ајде на кафе, батали го сето тоа следење на правила”, дали е можно Серл да се согласи и да се откаже од разгледувањето на прашањето на кинески?
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Но во врнежливите месеци помеѓу Тенксгивинг и Президентс Деј доаѓа дождот, миејќи го сиот овој раскош и внесувајќи мир во срцето на емигрантот.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Остави го сето тоа! Муви се тоа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Еве, ни светна, христољупци, светлозрачниот спомен на нашиот преблажен татко Кирил, нов апостол и учител на сите земји којшто огреа на земјата како сонце со вистинска вера и убавина, како сонце на трисушното божество, осветлувајќи го сиот свет.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“ од Климент Охридски (1754)
Меѓу другото, еве го сето она што го имаме во пари.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Бидејќи не излегував, доста време поминував на телефон слушајќи трачеви и обидувајќи се да дознам што се случува и, секако, снимајќи го сето тоа.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Една остра морница се надигна од неговите петици и му го поколеба стојалиштето ползувајќи го сиот, а после се собра во неговите вилици и тука го склешти.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Притоа, додека го чекаше, тој немаше ниедна друга мисла, не мислеше дури ни на тоа, што значеше за него еден таков среќен лов; беше само еден благ трпнеж задоволство, што се раѓаше во неговата рака и во неговото рамо и му се ширеше по целата снага, обземајќи го сиот во своите топли бранувања.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој само зави малку посилно, за'ржа, насетувајќи го сето она, што можеше да му се случи, но тој и го стори сето тоа сепак упорно продолжувајќи да останува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Синот, слушајќи го сето тоа секојдневно, беше отрпнал на тие кажувања на неговите родители.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Прочитајте ја историската лекција и видете дел од предметите на неговата страница на интернет, а потоа испратете електронска порака за да закажете приватно разгледување на неговиот дом во Ноева Долина. LegendaryJoanCrawford.com174 Споредете го сето ова со освртот на стрејт-филмскиот критичар Дејвид Денби: „Мора ли да ја мразиме Џоан Крафорд?“175
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но Дедо Мраз, не забележувајќи го сето тоа продолжуваше: - Ако бев доследен на верноста, сигурно немаше да дозволам од најголема да се претвориш во најмала и да се вратиш кај куклите.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Долу, во ливадата, чадот сé уште се тестеше развлекувајќи се во широчина и покривајќи го сето она што стоеше распарчено и раскинато по тревата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Имајќи шанса да ја искористам таа смрт, јас ќе се потрудам, за доброто на сите чувствителни кои го населуваат Небото, да го добијам Будиното совршенство, растопувајќи се во љубов и сочувство кон нив, и упатувајќи го сиот свој напор кон Единственото совршенство.”
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Тој си помисли во себе исплашено, плукајќи во неа: - Сега еве ти еден дел од мене, со кој ти ветувам дека по многу долго време сигурно ќе ти се вратам, давајќи ти го сето ежсвое тело.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Аце поголтна, а потоа пламна истуривајќи го сиот јад што му беше собран во него: - Зарем си се врзал со таа кучка... - подвикна посилно за да чуе и Лорета која беше со него.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)