го (зам.) - секој (зам.)

— Иии шо е киска, невесто! Каде а најде волку убава? — и ја зеде да ја разгледува и милува, мирисајќи го секое цветче поодделно.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А тоа ќе рече дека пушката - сега веќе тој зборува погласно, подвлекувајќи го секој изречен збор _ значи пушката е рачно огнено оружје за уништување одделни живи цели, ова добро да го запамтите, за уништување живи цели, што ќе рече сѐ што ќе се појави пред ова што сега го држам в раце е цел, велам цел, којa ти, ти и ти и сите вие треба таа цел да ја ... да ја уништите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во себе да се нурнам најдлабоко, како што се нурнува ајкулата во најдлабоките води, докрајчувајќи го секое зло до темел!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Но, издржа, броејќи го секој ден до првата плата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Таа гледајќи дека не може да излезе, се собра, се накостреши и го впери погледот следејќи го секое негово движење.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Јас знам дека тоа беше љубов за која требаше да се живее, но наспроти сѐ јас умирав преповторувајќи го секој твој збор, умирав препрочитувајќи го секое твое писмо, умирав додека ги диплев алиштата кои заедно ги купувавме, умирав со проѕевките во ноќните бдеења, умирав без да знам дека умирам, а сега умирам додека те гледам пред мене со сето твое отсуство и се прашувам од кога е тоа така, зошто е тоа така?“
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
А утре... „Има“, рече Отец Симеон. „Закачи ги ракавиците на врбов клин и жежи го секој ден грлото со алкохол.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Со рацете зад грб одеше помеѓу клупите ѕиркајќи во она што го пишуваа, под око следејќи им го секое движење.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
„Очигледно книга не фатила“, помисли ученикот, точно распознавајќи го секој гест на неговите професори - колку повеќе мрдање толку помалку знаење.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Вкочането гледаше во братот, набљудувајќи го секое негово движење, но не го гледаше брата си, ја гледаше силуетата на неговата сенка додека ги повторуваше движењата на телото.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Нејзин говор и додека длаби и во најдебелиот трупец, и додека го делка некој кежаво изврзан глужд, притоа само со звукот кажувајќи сѐ за длабината на дрвото, но за сето време постојано со она спокојство и сигурност, без да се промени ни една жиличка од ткаеницата на нејзините до невидливост незауздани движења, тоа ритмичко полетување нагоре и плискање надолу, докрајчувајќи го секој глужд, токму на ова место, каде што го подбрала пред себе, неотстапувајќи ни за милиметар в страна од своето цврсто сновење.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Коста се сврте, рашири раце и полека, цедејќи го секој збор, рече: - Ебати ја УНРАТА што прати такви џипови...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Зар сакаш цел пат да туркаме? - праша вториот офицер чие име Коста досега не го слушна, а лицето му го виде дури вчера во болницата во Елбасан.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Кадијата зашета низ нив, галејќи го секое по главата, a по него влегоа низ деца и другите агалари и тие љубезно насмеани, галејќи и почнувајќи разговори поединечно и со групи. – Тебе како викаат бре малечок? – го праша кадијата Ангеле Сирмев, мазнејќи му ја бујната црна коса.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)