го (зам.) - она (зам.)

Тој диригираше, публиката пееше, тој пееше, публиката слушаше и ракоплескаше, а кога таа вечер во „Олимпија“ се спушти завесата на сцената, Мишел Сарду мораше долго време да се заблагодарува на публиката, која го напушташе театарот пеејќи го она што пред тоа го слушаше од Сарду...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но, кога веќе го откри, избегни го она клекнување, за тебе и тоа би бил преголем напор, - низ смеа му одврати Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Исто така, Ели во целото тоа време прашуваше: - што е ова, што е она, или бараше: - Дај ми го ова, дај ми го она.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Додека стоеше, прифаќајќи го она предизвикување, размислувајќи уште оти растојанието е преголемо за него, тој виде дека мечката нема време да чека.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Тој што не умее да чува пушка, не заслужува ни да ја има“, рече Никифор Ганевски.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Самиот си си должник. Побарај го крадецот и земи го она што е твое, ако е твое.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зборувај го она што го мислиш и што го чувствуваш, а не она што веруваш дека треба да го кажеш заради некого.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Пребирам по нив по ред, бележејќи го она што повторно можам да го доживеам.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се сеќавам на бројот и квалитетот на комплиментите што ми беа упатени во разни прилики.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Можам да си ги доловам фустаните што жените ги носеа на моите забави и звуците што мажите ги испуштаа додека водевме љубов.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И на годините со децата, се сеќавам како нивните гласови звучеа во ноќта, се сеќавам на мирисот на нивната кожа лете, на многуте игри што маж ми ги смислуваше за нив, на распоредот на влакна на неговите гради, на неговиот стомак и нозе.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)