го (зам.) - шмрка (гл.)

А јас седам и веќе го шмркам моето второ кафе, додека пепелникот се преполнил со пикавци со иста боја.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Татко, во мигот, не рече ништо. Продолжи да си го шмрка чајот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Господи, колку убав ден се осамна, ами не можеше вчера така да нѐ причека? си мисли додека си го шмрка чајот без леб и додека со благ поглед го опфаќа брлогот дробнежот на баба Петра и некоја невидлива сила ја исполнува, ја раширува.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
И ноздрите му се шират, фрчат и го шмркаат воздухот, го одбираат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)