го (зам.) - честита (гл.)

Чиновниците, природно, веднаш почнаа да му го честитаат именденот на помошникот шеф на одделението и со задоволство ја прифатија поканата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
МЕШАЕВ: Во таков случај ќе се ограничам на тоа, што ќе ви го честитам роденденот, почитувана Антоњина Павловна. (Подава подарок)
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Петре замина, но бидејќи неговата куќа беше поблизу од поповата, се врати прво кај него и им го честита Велигден на неговите дечиња, преполувајќи ги поскурите и јајцата од торбата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Од оваа минута сите сте слободи. Ве поздравувам со радост и ви го честитам ослободувањето“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
- Балонов ти го испраќа тетка ти и ти го честита роденденот, - рече баба му читајќи го писмото.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Сите треба да одиме кај валијата16) и да му го честитаме родениот ден на султанот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Ќе чуете. (На Антонина Павловна) Ти го честитам роденденот Антоњина, макар што тоа денес едвај ли е умесно. (На Љуба, покажувајќи на Шнап.) Со оваа поганштија јас не сакам да разговарам.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)