го (зам.) - чека (гл.)

Младичот: Кој кур си па ти?!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Цеце: Јас сум оној кого таа го чека цела година!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тики: Мислам дека е најодвратен! (Беки погоден силно грокнува и отрчува во аголот) Што ќе правиш со нив?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Краста: А што можам? Ќе го чекам Божик, а испеченото месо ќе им го подарам на сирачињата од домот. Само страв ми е.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Не спиеше, го чекаше Мино. Тој знаеше дека ќе дојде по својот стрв.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
- Во ред. – се согласи дедо Ѓорќи, преплапен до гола коска, му намигна на Кире, се наведна му дошепна да избега некако дека ќе го чека на излезот од градот кај фурната.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Опсерваториумот е место од каде што најдобро се гледа целото небо, но и околниот простор во низините каде се простираат распослани македонските ниви, кои желно го чекаат својот род.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Трчаше се до крајот на градот. Стаса до фурната, се засолни зад клупата, па така сокриен се свитка никој да не го види во решеност да го чека дедо Ѓорѓи.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Особено она така кога удира, го чекав, знаев дека мора да се случи.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Републичките претставници хронично молчеа на седниците, секогаш го чекаа исходот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татко ми го чекаше нешто да допише, па продолжи: – Ти должам одговор на прашањето за врската помеѓу козите и јаничарите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Наместо просто да го зграпчат, или несетно да го ликвидираат, тие ти го чекале денот „Д”. Дилетанти!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во автобусот го чека меко место, со масичка пред него, весник ако сака да чита или слушалки ако сака да слуша музика, а патем има право на едно кафе или чај со неколку бисквити.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Така секому му треба помалку време да го чека автобусот одошто да оди в гаража, да го запали автомобилот што ја ќе го запали ја не, да ја извади од гаража, да ги разнесува жената и децата и да не заборави гаражата пак да ја затвори.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Гоце претчувствуваше што го чека дома. До вечерта не се врати.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Пред вратата од меаната веќе ќе го чекаше Гоце.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Мајка му ја беше зготвила вечерата и го чекаше татко му за вечера.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
И багремот не беше уште посаден. Го чекав доцниот ноември, за да се фати. Но сега што да се прави?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Колку и да сум претпазлив, низ буквите и редовите се исцртуваат патиштата и станиците, и јас потоа одам по нив и запирам, го чекам автобусот во кој е веќе речено дека ќе се качам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Знаеше што зборува и го чекаше ефектот со иронично подискриевена уста. Ова беше дрскост невидена.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Го чекав „Време“ со големо нетрпение. Залудно. Текстот не го објавија.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Околу осум часот, додека го чекав Дагларбеј да ме земе, се шеткав во фоајето со рацете одзади, загледував по излозите на богатите шопови во ентериерот и минував меѓу господата со пеперутки машни и дамите во блескава облека и скапи парфеми.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Старата трпеливо го чека синот заминат во Волонгонг.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Таму го чекаше бестелесноста со која требаше да се соедини, за да ѝ пркоси на гравитацијата, за која знаеше дека ако еднаш ѝ се спротивстави, потоа секогаш ќе може да лебди во идеално бестежинска состојба.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Следното на што се сеќавам беше солзата на син ми која капна во супата што ја јадеше во ресторанот и направи крукче меѓу зеленчукот и тестенините.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Од нивната венчавка (регистрација) во Скопје, пред земјотресот во 1962 година, остана само споменот на две работи.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Се насетуваше во дадени моменти и ситуации предизвикани од нашите силни емоции (на деца растурени по светот кои постојано и постојано се враќаат дома, а таму постојано некој фали, го нема, заминал или залудно го чекаат) дека не баш го планирале бракот, арно ама се случило!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Мајка ни утредента во мугри го чекаше чичко Пенчо, чевларот во Лисиче да го отвори дуќанот за да ги поправи.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Го чекав автобусот што требаше да помине од тука и да ме однесе во Скопје. Да стигнам на погребот на вујко ми.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Јас заминав на одмор некаде на Јадран.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Типот побегна по скалите, колку што можеше побрзо - го мрзеше да го чека лифтот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тејлор подоцна ми кажа дека скокнал на него само заради тоа што јас сум изгледал премногу глупаво со онаа шапка, па некако му било жал...
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Погледнавме низ прозорецот и го видовме како влегува во автомобил и заминува.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
По реализацијата на тие итни задачи можеше да го сврти вниманието кон спецификите на ова мало островце.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Од друга страна пак, тој и владиката беа два поглавара на островот и во тешките времиња на италијанската окупација беа упатени еден на друг многу повеќе одошто тоа би биле во времињата на слобода и на мир.  Со тие чувствувања, впрочем и се собра овој одбор под иницијатива на локалното свештеништво и на градоначалникот Карер, на оловниот ден што навестуваше скорешен дожд, трпеливо да го чека владиката на закинтското пристаништето.  И додека групата на молот уште немаше видено дека тој наближува, од прозорецот на својата канцеларија појавувањето на бродот на хоризонтот го виде Паул Беренц, началникот на СС единицата на островот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Затоа по мала пауза молкома ја сменија темата со онаа која се однесуваше на напатствијата што Беренц неодамна ги доби од Берлин и кои, како што веќе е речено, чекаа на брза реализација.  Тие денови од крајот на 1943 година, пушејќи покрај прозорецот, Беренц во својата канцеларија го чекаше градоначалникот Карер.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во тој след од постапки на градоначалникот, Беренц препозна блага нервоза и желба за одлагање на средбата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сосила го натоварија на брод и го испратија за Атина во февруари од претходната зима на истата таа 1943 година во која, ете, митрополитот го чекаат да се врати дома по овој сив и ветровит ноемвриски ден.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Така, наскоро дојде до капитулацијата на Италија, до настапот на сојузниците во Сицилија, сѐ почестите англо-американски бомбардирања на окупираниот европски континент, додека на Закинтос се случи примопредавање на власта од солдатеската на Мусолини, на веќе поразуваната, но и раздразнетата Хитлерова војска.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Веќе уморниот гостин, кај Карловиот мост го чека уште едно пријатно доживување.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ни распава дека го чека летото, топлите месеци, јули и август.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Луѓето во Ставрос го чекаат летото.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Секој дел може да се употреби па затоа трговецот трпеливо го чека муштеријата и тој доаѓа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Овој ден го чекаше Соколе нестрпливо цело лето.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Неговата нестрпливост лесно се објаснува: во последниот ред од салата го чека девојче, црвено облечено, до кое тој одвреме-навреме оди и ѝ шепина нешто.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
На четириесет години, свиен над овие молчаливи фигури во еден провинциски град, тој сознава дека вистинската сила на неговата фантазија била во создавањето убави мечти за животот што го чека, а не во творечко разрешување на проблемите што ги поставува безгласната плоча со шеесет и четири полиња.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Затоа тој така жедно го чекаше овој септемвриски ден кога се отвора гимназијата, и еве го сега рано кај се шетка горе-долу покрај Боцевата берберница.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Сигурно ја успокојува дека мора уште да го чека, а во себе се плаши да не му пропадне една убава вечер, и ќе беше најзадоволен да се договореа веднаш на нерешено.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Речи му дека го чекаме. Нека дојде. Зошто е таков!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Денеска вкочането го чекаме учителот. Ја чекаме и казната.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Затоа оваа поезија е неуморна: сето време, без престан, го надгледува претурањето од мислата во јазикот на своите говорители и чека „инцидент“ сѐ дури самата не стане тоа што го чека: инцидент меѓу мислата и јазикот чијашто разврска мора да биде во интерес на мислата, што значи јазикот треба да се шири и да се растегнува, постојано да се долева и полни не со водата на Едното, туку со водата што се исушила не сакајќи да се прелее во Другото.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
СТОЈАДИН
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Седевме во паркчето на нашата клупа. Го чекавме Љупчо.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Дедот Паленѕа си ја зеде лиричката од Митра што ја донесе до Прилеп и утрото уште рано си ги јавна масчичките, та си се врати во Полчишта, а Митра остана да го чека Толета. ***
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ќимс'н сен? — извика војникот, но гледајќи го попот на коњот и жената по него си промрмори нешто за себе, во кое време Толе му одговори: — Бенјим папас ефенди, — и не запирајќи го коњот помина крај војниците откои едниот ја изгледа похлепно Митра и му ја покажа на другиот: — Бак, бак, кардаш, ѓузел ѓелин.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— На кого?... На тој што го имаше и досега, — на султанот, — потфрли и не сакајќи Сарафов, кој веќе беше решен да се прибере во своето гнездо во Софија, каде што го чекаше пријатен пречек на неговите работодатели и награди за успешно свршената работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Нека кршка, нека кршка, Неговиот правец е преку река, — им рече тој на јузбашиите и прати едно одделение да ги извести оние јузбашии, што беа по левиот брег на реката за да се приберат кон селата Вепрчани и Гудјаково и да го чекаат арамбашата Толета со неговата дружина.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толе и тука даде наредба да го чекаат него за команда.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толе му стави до знаење што го чека во случај да го предаде и се раздели пријателски, дури оставајќи на дизгот во црквата десет лири пари, што ги собра летоска од црквите по селата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Ако чорбаџи Сирме, Јоше, Веле, Ристе тргаат гараметот, барем мастрафот да не паднит на нив“ — ти вели Булиман. А Сирмевци, Јошевци, Велевци и Ристевци тоа го чекаат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Потерата наближи на домет. Четворицата војници и еден селанец како да наслутија нешто и позастанаа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Ако рече бегот, што ќе праве тој мрсолко?“ — со право се тешеше таа и го чекаше денот кога пак ќе ја праша Адем.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Пораката беше усна и гласеше: Се слуша дека Хилмипаша веќава бераети за сите оние востаници што немаат крвни злочини.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толе се врати пред крчмичката да го чека.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Го остави северниот крај слободен, не за да го пушти Толета да избега, ами да му го поттера на оние јузбашии, што исто така ноќта ја навртеа војската на дветри стотини метра до селцето и залегнаа на пусија во густите смреки и грмушки од Никулица, Нежилово и Клен за да го дочекаат скриени зад карпите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Си најде мана дека си ја налапал вчера десната рака, та не може да го држи српот, Толе со другарите излезе по ладот да пладнуваат и да го чекаат Мирчета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Адолфина, паулина, марие и роза - сал една би била вишок во драмата на чехов а сите се отпишани од тефтерот на брат им зигмунд фројд отла и кажува на адолфина дека ги довеле во логорот во терезин и дека е најдобро тука да останат што подолго отла и кажува на адолфина дека храната е еднолична, катаден супа од леќа а попатно и спомнува дека има брат по име франц кафка адолфина веќе почна во себе да го портретира кафка мачејќи се во шеширот да му ја смести ергенската несреќа - во бараката на трудниците несреќата има друго име во предвечерјето на смртта и без месечина јасно се гледа дека црното млеко не е поетска измислица под црно сонце во црна темница четирите сестри на зигмунд фројд спокојно го чекаат црниот воз кон невратот рано в зори и не го забележаа брат им зигмунд како нервозно се тртка лево-десно на перонот пред да си ја испрска совеста во ѓолчето од сестрински солзи.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Старата, врзана за постела, уште го чекаше: да го испијат својот чај, да разменат по една воздишка пред легнување и да си свртат грб во заедничкото легло.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Некогаш одамна во друго време, вели тој сега, беше тоа момче само во својата куќа на брегот, но не беше само во тоа дека било само таму: да речеме, се приближуваше голем ураган; крај на светот, можеби; капаците спуштени, сите подготовки за невремето направени, ништо повеќе не може да направи освен да чека да мине, можеби да испие едно ‘ладно пиво додека сѐ уште има ‘ладно за пиење и да си раскаже себе си во мракот пар приказни за парови: онаа, на пример, за младата сосетка подеднакво независна како што е тој, која во соседната куќа исто така го чека ураганот и нема друштво позанимливо од својот темносив чесапик ритривер.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Другата половина го чекаше премиерот за да го сторат истото.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Тоа е најбројната категорија во земјава која спие до 12 и чекајќи да им падне работа од Господа го чекаат своето подобро утре без ништо да променат во својот живот, а потајно надевајќи се дека курајберите и ебиветерите некогаш ќе се смилуваат и ќе им го променат нивното статус кво.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Знаеше дека дома го чека порција сарма.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Колку што знам, нивниот програм се уште го чека Еди Бакс на полица во продавницата на третото ниво на Сиднеј Централ-5.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Од друга страна го чека човекот друга работа, т. е. како да ги програмира сметач­ките машини.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Таа го чекаше докторот како господа и во својата преголема болка за единственото дете ветуваше сè, само да стигне навреме и да го спаси.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сите брзаа некаде. Само тој нигде не брзаше. Немаше каде да оди. Никој не го чекаше. Никој...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ним ни на памет не им паѓаше колку се измачуваше клетата жена и со каква тежина на душата го чекаше својот стопан.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Избезумена, целата убиена од мака, Бојана го чекаше докторот, кој сè уште не идеше...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А беше бессилен да го отстрани големото разочарување што го чекаше Велета, понесен од силни внатрешки пориви.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- И, заедно со Питу и со другите војводи, влегоа во шаторот на штабот. Таму веќе го чекаа писма.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тоа му значеше дека со секого може да разговара, со секого му оди зборот: од чистачот на чевли, што го чекаше на плоштадот секое утро додека Миха му се приближуваше со бурек во устата, до последниот гостин - професор по покана - кој покрај предавањето ќе посака и да размени мислења со колегите, повеќе пренесувајќи ги одошто разменувајќи ги своите со нивните искуства.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во библиотеката го чекаше стоплениот стол, отворената книга и незаинтересираните тилови на другите читатели, наведнати над својот дел од масите додека во тишината на читалната се слушаше само повременото превртување на страниците.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Всушност, и додека џвакаше и голташе набрзина, мислата на Гого беше во платното што го чекаше.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Пак она каде. Дома не му се враќаше, таму го чекаше мртовечкиот мир на куќата и истечените очи на мајка му.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
„А требаше да си е дома”, очајно помисли мајка му, „Да го загрее задникот над книгата”, гневно помисли татко му, „Го чекаат матурски испити”, завидливо забележа сестра му.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
А Баге го прти патот пругоре, каде што го чека една урнатина без видело и без шепурче, со чардак на кој талпите се ронат под ноктите на орлите.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Не сум го видел. Јас го чекав надвор во џипот, немав пристап ни во нивниот поплочен клозет.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но немаше во неа што да прави, што да пресоблекува - освен што на столот префрлена на потпирачките го чекаше не само испрана туку и испеглана кошулата со кратки ракави.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Често ги затвораше локалите и на семафорите запираше на црвено, отворајќи го утрешниот весник колку да си го скрие лицето од сообраќаецот, па одвај го чекаше зеленото светло за да ја спрашти пред овој да го натера да дува во балон и да го озелени како мувла.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ако остане дома, знаеше што го чека - бескрајното и неуморно чекање на мајка му во осамената куќа, наизмерната глувост на секаква, добра или лоша вест, за исчезнатиот татко; неговото бесмислено шлаење низ градот без секаква цел, изненада или задоволство.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Често, гаснењето на ламбата го чекаше с до мугрите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Само нека се вратат, ќе ги фати, ќе се затвори со нив во колибата и ќе го чека денот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Го чекаше нестрпливо цел ден за да може да му се јави на дедо Иван и да го чуе неговиот одговор. Една вечер донесе изненадување.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во мракот на подвозникот нѐ дочека еден куп кадифени панди, кои го чекале својот превозник.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
И, за крај, се разбира, главниот проблем кој го чека секој оној што е заинтересиран за Translation Studies: прашањето на евалуацијата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Го најдов како го чека гласот на реката. Седеше на жедниот камен.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
И каменот го чека слична судбина стига да го зафатат немирните води.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Или, клекнат на задните нозе, потскокнувајќи и вртејќи ја опашката, го чекаше да си легне и, бидејќи стариот професор имаше обичај пред заспивање да прочита нешто лесно, грифонот не ја свиткуваше главата да задреме како што обично прават кучињата, туку го имаше на ум својот стопан сè додека тој не го изгаснеше светлото и не се свртеше покривајќи се преку рамо да заспие.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Кој е денес будала добиток да гледа, да се пара по планињето и да јаде сув леб и сол и пипер кога може да седи овде сред село и да го чека поштарот да му ја донесе боречката пензија.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Откако го остави горниот дел од пижамата на креветот и почна да го облекува долниот дел, тој се сврти или случајно забележа, изненадено, дека грифонот, кошулата што при фрлањето паднала на душемето ја држи в уста и го чека тој да ја земе и да си ја стави на место.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Но и кога земените од војска не се вратија, стигна абер дека останале да лежат таму на бојните полиња за слава на империјата и неговото височество султанот, Руса пак продолжи да го чека Јована.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Преку дворните места на имотскиот живеалишни куќи и низ Западна Порта излегуваат во оградите и низ бавчите, прегазувајќи ја Голема Вода, се завкачуваат спрема Коритница, сè со вјасање - Максим за чекор понапред од Васила и од Карамана.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ѝ велеше дека го чека Јована Дамчески да се врати од војна и дека кога ќе се врати тој, таа одново ќе си стане лична и млада и тогаш ќе се венчаат со Јована.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И правејќи си пат меѓу имотските луѓе, кои сè уште трчаат пругоре по скали на чардак, влегува во визбата; таму, од ѕидот до вратата, го симнува малото секирче, го сокрива в пазува, поа кога излегува од визба, на Васила, кој остана да го чека пред врата, му вели Одиме.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во матна река, нешто го чека, тој што со туѓо купува вредност.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
А пак јас ѝ велам: „Ќе го чекам Пандета абер да донесе“.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Кај што си оди жив и здрав да си стигне, бериќет да го чека.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
- Јас еднаш сум го чекал цела вечер.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Отидоа негде, воздивна Петко. - Да го чекаме ли? - Долго ќе биде, се кикотеше Пенчо.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Но Филозофот, како само тоа и да го чекаше рече: „Тебе, оче Стефане, душата пак за овој свет ти се готви, како вечно тука да ќе престојува.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И го чекав само денот кога лагата моја спасителна ќе се открие, кога ќе ги види ливчињата на Мида негибнати во семинаријата и кога тупаницата негова ќе падне врз мојот грб. Врз крстот на грбот мој.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но, не беше така, за среќа моја: слушнав убаво дека Лествичникот му рече на ноќниот патник во одајата негова да оди и да го чека долу; така рече и никако поинаку, оти слушнав.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ако не го чекав, тој ќе се налутеше и ќе гракаше.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Навечер пред да заспијам тивко го довикував неговото име и со нетрпение го чекав следното одење во селското кино.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Ние братучедите, таму кај селската црква, со радост го чекавме секое пристигнување на автобусот Татковците кои беа во градот по возачите ни испраќаа големи лубеници.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Млади момчиња денгубат во кафулињата или го чекаат денот за да заминат на печалба.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Време е за пиење кафе и белолаглави старци седнати крај масите и потпрени на крлуци, го чекаат својот филџан. Ги поздравуваме, ни отпоздравуваат.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Зошто ли тогаш кога не е во состојба збор да изусти и само минути го чекаат за да биде покриен со земја, му велиме дека бил најдобриот?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тука го чекавме противникот само со своето пешадиско оружје, неколкуте ридски топови со само сѐ на сѐ пет илјади топовски гранати.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Се навикнавме во грч да го чекаме да наслушнуваме кога ќе се приближи, и благо да издишеме кога ќе нѐ одмине.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Бидејќи цел товар оружје не можело без опасност да се внесе во градот, било договорено утрината на патот под селото Цапари да го чекаат двајца членови на Организацијата и на определен знак да им се довери да го растоварат оружјето во Цапари.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Самиот Шатев признава дека некој од посадата бил во ходникот и дека за тоа морал да го чека додека тој не се оддалечи, за да може безбедно да го запали фитилот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Цветко Трајков немал стрпливост да го чека крајот па потоа да стапи во акција.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Го правеа заради Бомбата, поради загадувањето на животната средина, поради четирите коњаници на Апокалипсата, затоа што уништувањето може да се случи додека да трепнеш.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Го правеа затоа што беа распуштени, дома на слобода, живи и интимни, затоа што повеќе не можеа да чекаат, не можеа да го чекаат одредениот час, точното време или температура, не можеа да ја чекаат иднината, месиите, мир на земјата и правдина за сите.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Го правеа затоа што беше петок навечер.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И во исто време, чувствувам, се буди копнежот по се уште ненасликаното платно од нејзиниот непрегледен внатрешен пејзаж, кое во мојата исплашена византиска душа, трпеливо ќе го чека повторното доаѓање на норманската принцеза. EL SUEŇO Сократ:...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Потоа, пробивајќи се низ трошливото месо на толпата, гласот продолжува: - Во спиралното патување,ветерниците ќе го чекаат на истите места.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Понекогаш, ја заклучуваше во најмената соба над кафеаната „Боеми“ и ја оставаше да го чека, кога, околу полноќ, ќе се втурнеше смрдејќи на алкохол и цигари, хистерично се обвиваше околу него, го љубеше очајнички, збивташе како повреден пес.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Го слушам татко ми: „Болната трпеливост со која пожолтениот лист го чека денот, ја чувствувам однатре. А денот е градски... сив и убав“. ***
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
А сега, кога само малку време ме дели од растајнувањето на тој одговор, за мене започнува она мечтаено постоење, чие остварување толку долго го чекав.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Нашите глави се приближуваа една кон друга.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Невена е, исто така, на сите нас познат лик на „стара мома“ која цел век го чека саканиот без да го дочека.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Рацете му беа станале две сучки, две суви ластарки, а лицето грска чемерика, пенушка лозова фрлена на меѓата,огнот да си го чека, да ја спаси.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Портретот и детските ликови пријателски го гледаа и со некоја молчелива благодарност како да му велеа: „Долго го чекавме твоето доаѓање, зашто само ти ја имаше небесната знаја и умниот клуч за а го отклучиш катинарот на времето и ропството на нашите души.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Алајко Ошев и Митре Ирчев, луше од власта и на власта, едно јулско утро измазнети, стокмени, со црвени вратоврски, утлеисани, со б`снати чевли, со чанти во рацете го чекаа џипот за да ги однесе во планинското село Ошево, како членови на Мировниот совет, како авторитетни помирители, но не и на војување (војната ја поминале „во позадина“).
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Си го чекаше Невена, речиси, четириесет години својот офицер, својата дамнешна љубов.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ова е денот што долго го чекав. Дојде Големиот ден. Вистинскиот ден, оној во кој на виделина ќе изнесам сѐ што знам и умеам.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Така ќе го постигнете тоа што јас го пекав и го чекав, но не го дочекав“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Дојде до барот и влезе внатре и таму беше малото путерче и го чекаше.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Соленикавиот и свеж мирис на сината ширина во неговите ноздри, додека нозете брзаат да го однесат на тајната средба со девојката што го чекаше, далечна, а блиска, таинствена, а позната, исто како и морето...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Кога за првпат го изведоа пред суд, Господ го спаси од сигурната смрт што го чекаше ако го фрлеа на лавовите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Староста што можеше да го чека многу подоцна, еднаш кога ќе е премногу сонлив крај огниште или згрбавен и намален на триножец од смрека, му го стискаше душникот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но и оној што се плаши од денот, го чека тој ден за свои тајни дела.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И пак нешто раскажуваше за Кратово и за топилниците на сребро, дури и повеќе, и за некоја жена што тој можел да ја поведе со себе ако во Кукулино не го чекале дечињата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Осамениот орел го чекаше својот миг: ќе отидеме, ќе остане мрша.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Штом густата лепливост ќе му го ослободела разумот, околу него си се намалувало, и звук и облик, и тој тогаш не ја стискал коскената дршка на ножот и бил без она свое чувство дека однегде ќе го стаса брз удар.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се отвори од некоја своја магија и појде на две страни, кон гола цуцулка на планина и кон друг облак со позлатен раб.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но што можел да спечали од една воденица пребогатиот бег?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пред предизвикувачот да се доближи до навртените запци на скршената вила со која црниот од другото племе го чекал со возбуда, Онисифор Проказник се наведнал и со едно џапање го кренал виновникот на караницата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе ја натерам да се врати, мислел, зашто немал каде да ја води; таа, со спокојно и некакво чудно безживотно лице од работилница на мајстор што од румен восок може да измеси млада светица, го чекала задуван и зол како човек што е осуден да се соочува на секој чекор со призракот на својата необична младост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Не сум слушнал ништо од него“, реков.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Немал два живота; сепак дење го презирале, ноќе му се восхитувале со морничавост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сепак ги влечеле колилата оставајќи зад себе меки лепешки и издржувајќи ги животинските патила; луѓето ги хранеле со силата на својата тврдоглавост и со безнадежноста на иднината од која не можела да прожугне ни дива чекутина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Некој кашлаше, чудно, од самата утроба. Неговото лице умираше, потоа пак му се враќаше на животот, помодруваше и се грчеше.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во својата голема одаја со чифит-ѕидови испрскани со златни капки (ѕвезди или дукати, стремеж кон пророковото стојбиште или бројки колку е издадено од неговата азна за издржување на медресата) не можел да ги преброи во сарајот ни атовите ни сеизите, ги штракал бројаниците над разгорен мангал и го чекал езанот на оџите да му се заблагодари на пророкот за сите добра на овој свет, потоа нагрнат со ќурк и со невидливи гавази зад себе стоел пред нејаките пупки на разбудените каранфили или замислено ја слушал опивната тага на чалгиите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но секогаш го чекале нови искушенија.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дојде друга птица со глас на Спиро Првославец и кажа дека сега знае, пресметал, утре пред ноќ дружината ќе биде во Лесново.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Други раскажуваат. А ти го чекаш и го ловиш.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се чекорело тетераво, никој не седел на двоколка, дури ни чкрботливиот Симон Наконтик - Господи севишен, повторувал, зошто не останав дома и не си го чекав на ониште судниот ден како што им доликува на причестените старци? - а Арсо Арнаутче, со секакви шамии врз окото преку кое минал турски јатаган, се потпирал со рака врз ѕидот на двоколката и само со една голема и засолзена црнка гледал во призрачноста на случките што останале на патот, најмногу во последниот настан во кој загинал од две стрелби пркосниот Борис Калпак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Чекале згрчени, мртвите од гроб копнееле по нивниот лелек.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе те следи додека си жив, се сетил за зборовите на дамкавата Фиданка Кукникова на работ на лесновската шума.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како што тргнала работата, не ни останува ништо друго освен да го чекаме мигот кога тие, од некоја цврсто стокмена сцена, ќе лиферуваат лозунг: „На Македонците им е доста од седумтте уметности, сега ќе треба да се свртат кон онаа што ја прават политичките партии.“
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
ФЕЗЛИЕВ: Писмо за - Иванов? Токму тоа го чекав. Дај го ваму.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ИВАН: Не ми остана ништо друго, освен да го оставам Методи да го чека и вечерниот воз.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Го проколнувам јас човекот човекот кој со дланки душата ми ја стопи ме остави ко ранета птица вечно да патам... а црвените патеки оставаа траги на згаснато тело траги на мртва љубов и затворено срце кое пати и чека го чека човекот со белиот коњ.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Црвените патеки оставаа траги на згаснато тело,траги на мртва љубов и затворено срце кое пати и чека, го чека човекот со белиот коњ, но замина...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Тоа беше нешто од школо, некаков енграм втиснат во нас, макетонските говеда што (во шарен месарски пресек) во ова балканско трло (месарница/касапница) питомо го чекаат тој жиг на мракот, таа сенка преку очите што нè прави вака тапи и моронски резигнирани?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
По вечерата тој ќе замине кај неа. Таа го чека.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
okno.mk 141
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Откоа ја испрашала што е и како е, 'и слекла алиштата и ја врлила во бунарот, та ја удаила, а таа проклета млада Еѓупка беше се променила со тие алишта и беше се качила горе на дрвото, да го чека син му од царот за неа да ја земи.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Луѓето што ги заробујел по други земји, ги држел во темни зандани и се кител со нив покажувајќи дека е силен и дека секој што ше му излезе на патот, истото го чекат.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Син му од царо собрал сватои и дошол, та ја зел Еѓупката.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Беше таа една негова добра жена, беше за неа секогаш нешто топло и пријутено, што го чекаше во нивната куќичка на крајот од селото, што ќе продолжеше да го чека сè додека не си дојде тој.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во еден миг можеше просто да подлипне, кога откри дека денот веќе воопшто не мисли ниту минута повеќе да го чека.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Најпосле беше стасан и тој од својата чиниш само во злокобностите вистинска изгубеност, и сега си го чекаше своето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Притоа, додека го чекаше, тој немаше ниедна друга мисла, не мислеше дури ни на тоа, што значеше за него еден таков среќен лов; беше само еден благ трпнеж задоволство, што се раѓаше во неговата рака и во неговото рамо и му се ширеше по целата снага, обземајќи го сиот во своите топли бранувања.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега сета суштина на неговото постоење беше само во тоа да не го изгуби од пред своите очи тој идеално направен круг во небото, а низ неговата крв и низ сите негови можности да чувствува наеднаш му се будеа сите богови со нивните усвитени кораби, сите бели атови и нивните боговски колесници, сите затрчани младичи со факели и сите Сончеви Мајки, што го чекаат тој морен патник зад првиот брег, да му постелат и да го нахранат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, јарчето сепак го дочека. Го чекаше сето време, додека тој во своите карпи го повлече вториот раздел од чкрапецот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега знаеше дека го пречекал преврнувањето. Тоа не беше единственото, што го чекаше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А сето висело само на една тенка врвка и како да го чекало оној ден да се урне. Колку многу може да му одземе на човека само еден ден.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Овде Глигор и Арсо го чекаат бесилото, а за Џемал-ага овде е спас и живот, темна среќа на човек што својата среќа ја промашил и ја загубил засекогаш меѓу слободните луѓе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Веднаш тој скокнува на рамката и се спушта по јажето во темнината. Долу го чека Едип и трепери.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А тој токму тоа и го чека: „Зар толку, кутри критјанине, си бил стипса?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во актот се соопштуваше и ова: во една улица, блиску до центарот, млад мршав човек го чекал валијата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Само на две педи од неговите очи се рони земјата, дебелата преграда зад која го чека триумфот на постигањето.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И од тој ден, не само што не му забрануваше да собира тревки, туку и со нетрпение го чекаше на брегот да седнат под некоја сенка и да расправаат за многуте тајни што се кријат во природата.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Татко му Ставре со години го чекаше, се надеваше дека еден ден син му ќе се врати жив и здрав.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Се исплаши Полин и повеќе не го чекаше офицерот и војниците, бегаше од дома.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Зашто само тебе може да те замисли како го чекаш, како кралица, секогаш подготвена, само за него.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Никогаш не го прашував ни како се вика, ни што работи зашто еднаш или двапати го видов како стои во темен костум и бела кошула и си го чека директорот до автомобилот, а тој голем, црн и изгланцан, ја „мерцедес“, ја „БМВ“, не знам, па веднаш знаев дека е шоферче на некој голем буџа.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Другиот ден Бобан доаѓаше право од работа кај татко му, а овој обуен го чекаше со отштекан кабел завиткан во круг и залепен со лента и приказната се повторуваше.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А мене ме чекаш, мајчето твое, вели, којзнае кого го чекаш, вика и почнува да ме клоца. Не гледа кај ќе ме удри.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Собирам трески, корнам од плотот, одградувам од бавчата и запалувам оган. Се грејам и го чекам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Потоа долго време го чекавме да се врати, да нѐ причести. Ама не се врати.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Така, речиси, несретната со децата се разминувам, Ете, и Јона го чекав на сон, ама Јон никако да ми се јави.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Седам така, го чекам Јона. Устата веќе почнува да ми попретрпнува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ако го чекам, ќе рече кого го чекам. Ако си легнам, зошто си легнала, ќе рече.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Само ќе потчујам така нешто, на поминување. Или на стоење. Како што стојам сега, дури го чекам Јона.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Седам и не знам дали да го чекам Јона од меана или да си легнам. Снагата веќе не ме крепи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Непријателот тоа го чека, а и капетан Мирковиќ тоа го чека: некој да лавне, и да му ги истресе забите в уста.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Умре тоа, велат, и го чекаат да тргне.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Душо моја, со колкава радост го чекав ова писмо.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Иако со часови го чекаше на клупата под зелениката во паркот, средбата не се случи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Рада во меѓувреме му се јави на Виктор кој пред болницата го чекаше амбулантното возило.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Па нели заедно треба да го чекаат мигот на рожбата. Несвесно се фати за стомакот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ружа токму како да го чекаше овој миг за да распали од сите оружја. Скокна од масата на изненадување на сите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Па го чекаш својот капетан во чамец, или подобро во јахта, кој доаѓа да те спаси.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Додека го чекаше Ѓорѓе да се јави, тие триесетина секунди ги искористи уште еднаш се преслуша што треба да каже.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Освен што кажа дека го чека војникот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Две идентични возвишенија со падина во средината го чекаа вистинскиот да залегне и мирно да затвори очи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Па, како благовестие го чекаа повикот кој требаше да им ја промени судбината. ***
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Уште рано, претходно најавувајќи го своето отсуство од училиштето, Рада го чекаше Виктор пред неговата ординација.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Арно ама, без оглед каде и за што се водеше разговор, кога ќе наближеше крајот, кога неизбежно ќе дојдеше часот за збогување, обично во претсобјето, низ полузатворената врата, тој уште еднаш ќе го провреше своето бледо лице со живи црни очи и на главата на семејството, која прашањето со страв го чекаше, ќе ѝ речеше, небаре се работи за нешто сосем споредно: „Туку, можеш ли да ми...?“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Овојпат таа се предаде без да поставува барања.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Нејзиниот нов свршеник, вдовец без деца, со среден живот и решен да се ожени во католичка црква, ја оставил да го чека пред олтарот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Само за кратко време, беше неговата омилена парола.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Речиси дека се подобри твоите браќа и сестри, кога се борам со нив барем времето ми поминува, сè оди подобро кога човекот ја брани слободата и надежта; но ти, ти не ми пружаш ништо освен празнината на останувањето дома, сознанието дека пријателството во сето тоа се подразбира, дека ноќта ќе стигне како задоцнет воз на перонот низ кој фучи ветар, ќе стигне по многу матеа, многу вести, со твојот брат понеделник што пред вратата го чека моментот кога повторно ќе ме соочи со него, најлошиот, прилепен за тебе, но ти си пак така далеку од него, зад вторникот и средата и така натаму.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Знам веќе, семејство, но сега наместо да си на мојата страна а против нив, ти се приклонуваш не оставајќи ми време за било што, дури ни да се помирам со судбината и да се привикнам, се појавуваш вака, водата капе низ тебе, сивата вода на невремето и студенилото, обесхрабрувачко порекнување на нешто што толку го чекав додека постепено се ослободував од твоите браќа и сестри обидувајќи се да ги сочувам силата и ведрината, да имам џебови полни со пари, да смислувам каде ќе одиме, пржени компирчиња во оној ресторан под дрвата каде што е толку фино да се руча покрај птиците и девојките и стариот Клемент што го препорачува сирењето проволоне и понекогаш свири армоника и пее.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Секое добро од другата страна го чека лошо.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Дојде тоа што го чекав и пак си отиде.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ми преостанува само да го чекам вистинскиот момент за да го направам вистинскиот чекор.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Можеби тие ластари нараснале во полузрели пупки, па само го чекаат зракот на утринското сонце.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Мудро, како стар волк кој го чека првиот плен за напад.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Трските зашушкаа. И невидлив, Водомар пееше: Дојде де и дојде час, Пуфи Паф е меѓу нас, Шумшул- град го чека спас.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Маската падна, - рече татенцето со победоносен тон како да го чекал само овој миг, - маската падна, - повтори, камуфлажата не трае долго, како пудрата што кај нечесната жена се брише (уште спореди татенцето), - како пудрата што не може да го прикрие лицето на нечесната жена, додаде некако деликатно, искусно.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ја прислушкував Големата вода, го чекав нејзиниот глас.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И чините како токму овој час да го чекала водата, слушате како се пушта, како волно, силно зашумува.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тој го чекаше оној момент од кој не се може понатаму.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Друг, пак, му зборува за оној друг свет што го чека, зашто овој свет и колку да е убав, штом има смрт, трагичен е.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Душкаше по ходниците и просториите по нејзиниот јасминов мирис со кој се стркаше и откриваше во која соба се наоѓа, каде го чека.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Му зборува за ангели, за херувими, за светци, за дарежливоста и љубовта божја; му зборува за чудесиите небесни што око не ги видело, уво не ги чуло, умот не ги допрел; му зборува за да му се замили новиот живот, што го чека...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Во тоа им помагаа и нејзините две деца: тие му кажуваа на Богдан кога е мајка им сама дома и каде им е татко им; му јавуваа каде го чека, а нејзе ѝ кажуваа каде тој ја чека.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Толе, од лутина, од бес што таа не е замината од куќата, што уште го чека, го удираше со сета сила ѕвонарот на црквата во ниедно доба, ноќе.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
А кога почна почесто да се огледува на огледалцето што го носеше во џебот и да забележува некои промени на лицето: мали влакненца израснати под носот и на врвот од брадата, мов и расцветани мозолчиња по лицето и кога почесто го вадеше чешлето да се чешла - сфати дека му стасало времето што неговите домашни толку нестрпливо го чекаа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Некој му носи понада не од почит кон него, ами кон смртта што го чека и него; му носи што е најубаво за јадење за да му ја одоброволи смртта и да му ја направи помила, зашто животот си оди и како да си го проживеал: добро или лошо, среќно или несреќно; сиот живот е само еден миг: мигот на умирањето: во него сѐ е збрано.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Доаѓањето негово кај неа, таа го чекаше нестрпливо, помагајќи да му ги слечи работничките алишта истркани со малтер под кои се откриваше неговото јадро, мажествено тело, од кое и при најмал допир таа се возбудуваше силно, како типката од клавирот што при најмал допир се возбудува и испушта звук што долго трепери.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
По ослободувањето, кога го чекав да се врати од Сремскиот фронт, ми јавија дека загинал од непријателски тенкови што го смачкале во ров полн со вода.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Од жал за мајка му и од јад што жена му сè уште го чека, сè уште е дома му, една ноќ започна да ја бие силно камбаната.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Можеби ти имаш многу вакви мигови.. но јас само го чекам мигот со тебе... за жед на срцето за возбуда... на телото за треперење... на животот живост..
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Се потпре на грб на вратата изненаден што никој не го чека во собата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Отец Симеон долго го чекаше и можеше да му ги истегне ушите до таван, но тој знаеше што знаеше и кажуваше сѐ што знае - на саката беа наредени в круг цифри од 0 до 1.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
За тоа сега студентот знаеше: овој човек го чекаше него...
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Потребата за индивидуалност е сепак посилна така што, навлегувајќи сé повеќе во „подлабоки води”, уметникот го чекаат многу маки и што уште не.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
А кутриот змеј, заостанато лице без простор, во седми месец блуе сув јаглен, го чека аукторот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Таа ги голташе и со нетрпение го чекаше следното издание.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Какви времиња се, човек никогаш не знај шо го чека.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
„Ви благодарам, Томаица. Со нетрпение го чекам утрешниот ден.“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Кога го забележа Татко, се крена од книжната барикада, се извиши како господар на книгите, небаре наредувајќи им да му се поклонат на драгиот гостин.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сотир Паскали го чекаше на рецепцијата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко по обичај го чекаше Камилски на чардакот крај масата со отворените книги, со вазната со свежи мирисливи каранфили и трендафили од Мајкината градина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски го чекаше во својата библиотека целиот потонат во книгите, ѕиркаше од некоја барикада од нив, како да беше се престорил и самиот во книга, со животот во неа колку да може да се прелистува како единствена книга.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Вечерта пред седмиот ден од престојот кога се очекуваше враќањето на Камилски од светот на букинистите со куферчето полно со книги, во холот на хотелот го чекаше загрижениот Сотир Паскали со својата работна чанта на враќање од париската опсерваторија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Таа не му бега, го чека да и се доближи и благодарна му е, само тој можел да ја задржи до овој ден таква, непроменливо: слабичка е но со зрела валчестост по која окото минува како со дланка.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Попот се тетеравеше кон вратата, се спровираше меѓу деца и глуви баби, најмногу такви до кои стасуваат сите селски настани, и пребрзо, во исчекување на нешто ново, испаруваат од сеќавањето; во тишината само тие, како што рековме глуви, не го слушаа попот кога рече дека утре и тој ќе купи револвер, чешки колтови се продаваат под рака, па нека го чекаат пак подло и недостојно во заседа.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Чекаш некого“? Знаеше уште пред да одговори таа: слушнала дека е в село и го чекала да дојде, да донесе машка немуртеност и подивена душа од секакви неволји.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Без да го чека одговорот, Ема ја наполни со ликер испразнетата чаша што стоеше пред госпоѓа Мариела.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Го почувствував тој отсјај како оној што со часови го чекав загледан навкосо во прозорецот наспроти мојата ќелија, во дивитот на затворската зграда наменет за женските притворенички, кој, со еден кат понизок, продолжуваше во паркот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Шаховската табла секогаш го чекаше, неговата маса во аголот беше секогаш резервирана; дури и кога местото беше полно, тој седеше сам покрај неа, затоа што никој не сакаше да биде виден како седи блиску до него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Го чекав, со по некоја мисла што ми заминуваше и се враќаше, а беше густа и леплива, како летното пладне, и не можев да ја расточам.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ех, право велиш, да ги гледаме момичките и момите како растреперени си го чекаат редот.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Така ден по ден. Ноќ по ноќ. Него го чекала. Деноноќија неброени... На прагот седела - жива - а нежива.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Си сакала, мила Ѕвездо - да го чекаш и пречекаш - зашто многу го заљуби - ама љубов била клета - душичето не додржа - душичето ти препукна... како да те прежалиме?... си ни била единствена - да плачеме да тажиме - да се чуе до небото - мило чедо, мила Ѕвездо, сјајна Ѕвездо Разделино, - што ти било наречено - трета вечер написано!...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
И така секој ден... здолжен - ама и ноќите без сон - го чекаат разденувањето - надеж - да се стори враќањето.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Им принесувам на татко и мајка, и низ бавчичето - скини пипер, патлиџан, кромид - за ручек- вечера. И си го чекам денот...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
И би ден пролетен - ама снеубавен, дождовен. И би час... час... миг... Мигот што мајка го чекала во бесконечните деноноќија.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Кој не знае божја казна го чека А кој премногу знае ќе пати дури три века) Ако спремен ти си да признаеш вина штом гревови те стигнаа од кармата
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
И бев сигурна дека Ти си тој што го чекав толку години да се појави во мојот живот.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Ја сонуваше како таа пак го чека во полето облечена во истиот оној бел фустан што блескоти на сонцето и му мафта со раката, го вика; тој трча кон неа, прескокнува ендеци, меѓи, грмушки, се пробива низ високите жита, но никако да стаса до неа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Му идеше да ја фрли торбата, да не оди, да избега надвор, но гледајќи го татка си каде што го чека на вратата, ги обриша солзите со дланката и се поздрави и со дедо му.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Постојано купуваше лозови и нестрпливо го чекаше денот на извлекувањето.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Се присетуваше и на други работи кога таа го тепаше и затвораше без јадење; се потсетуваше и сè повеќе чувствуваше одбивност и омраза кон неа. XXVI Богуле секој ден сè повеќе се оттуѓуваше од мајка си; гледаше што помалку време да е дома, што помалку да се сретнува со неа; и што и да го прашуваше таа, тој молчеше ништо не и одговараше; се обидуваше таа и со убаво и со благи зборови да го скроти, да го смири, да му каже дека само него го има на светот, дека тој ѝ е најмил од сè, дека тој е главата на куќата, дека тој е домаќинот, дека тој треба да ја преземе сега грижата околу имотот; го чекаше за јадење, и за ручек и за вечера, но тој не јадеше со неа; му оставаше напишано на ливче каде се наоѓа на работа, на која нива или ливада, да појде и тој да ѝ помогне во работата, но тој не одеше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
A он, као да цел живот го чекаше овој момент. Ја отвори душата. И почна... . . .
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Си го чекаш својот ред, исто како примерен затвореник од некое Орвел–сценарио.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Ќе го чека утредента на аеродромот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Тој сфаќаше колку ѝ е потребно да ѝ го донесе тоа писмо што го чека.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Времето на посетата не траеше многу. Лекарот објасни дека сопругата и детето ќе го чекаат на улица, во закажано време.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Само по неколку дена се фати себеси како напрегнато, со нетрпение го чека поштарот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Сепак, секој ден го чекаше поштарот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Арно ама, оваа вечер ќе има работа, та само два се напи; едно тај Балето и едно кај Младена и си тргна право дома да го чека калезмото за на свадба.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Јас го чека печес години, нека почека он печес минути.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ни пари да даваш, ни маѓии да правиш, ни да го чекаш со месеци, а може и години.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Доста со душа го чекаше. Велигден да си дојде Илко.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Тода ја убедуваше Рожденката, иако знаеше оти таа одвај го чека саатот да се израдува со сват поп и зет попов син.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Навистина, уште е рано, но, како што се вели, нужда закон менува: и тие со татко и нема да го чекаат Крлето осумнаесет и дваесет години да бреа по село, како што прават сиромашките ергени, ами ќе го наоглават уште на петнаесет шеснаесет години, да се отвори куќата и да има кој да му чини измет на татко ѝ и брат ѝ на Бисера.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И попот ова го чекаше: да дојде до куќа и така азар сермиичка, та му благодари на Лесната и Младена што ќе му помогнат да се извлечка од калта и да ги прифати и децата и стоката, Речено — сторено.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Ама и он гледа оти го чекаме со душа, сполај му, та ќе дава, шо ќе прави!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А неговата глава одамна и скапо беше уценета од Грците за пет-шестгодишната негова борба со нив, та Чочо, којшто се префрли како Цица, одвај го чекаше да му излезе пред очи и да го предаде.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Затоа, ете, го чекаат да удри оној „високион" седум и да им ги фукнат клучевите на мазите, а Мамут и компанија да им фукнат на клинците и плочите, да прошерпаат по стотина двесте денеска, оти утре е сабота, та треба да ги задоволат муштериите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Доста ја испрати до Манџиковата порта и се врати дома да го чека Илка од работа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тие што го сакаа, го чекаа од ќеф, тие што го нејќеа — од страв, оти знаеја: сега на Ѓура му е порасната работата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Стале тоа го чекаше. Уште повеќе се залепи до отец Арсенија и уште пред половина година двајцата се разбраа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Побегна дури надвор на чардакот да го чека татка си да се врати и да му каже оти чичко Илко довел „дупка".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И како да не го чека? Од свети Атанас, кога Илко наврте пуста „Опстраница“ сѐ на сѐ двапати си дојде на преслечување.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Затоа сите со душа го чекаа да тропне со барабанот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А требаше и да им рече на старците што останаа под тремот да го чекаат„Христос Воскресе“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И не само што ќе речат еснавките, ами таа се плаши да не се сетат Доста и Илко оти го нејќе таа малото и оти го чека да умре.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На ливада росна го чекаш ти мај ништо не превземај пивото дај целиот живот кичмата виткај ти пак во Сарај, а тој во Дубаи
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Ако застануваше некој од врзаните по некоја физиолошка потреба, мораше целата колона да застане и да го чека.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тие две мисли ги мачеа цела зима. – Било што било, нели сме до него испратени, ќе го чекаме да се врати – беше заклучокот од овие размислувања. Инаку и не можеше да биде.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тој го чекаше од нив ветеното – десетте ќесиња пари.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Нека се знае и нека се прикажува: или и Анѓа ќе ја имам, или ниедно – си рече во себе и стисна срце да го чека резултатот од оваа опасна игра.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
– Од два-три дена, најмногу пет, повеќе без вода не можат да живеат, па камили да се сторат – и се вратија назад во Старавина да го чекаат дејството од денешното лукавство, оставајќи тројца од војниците да стражарат да не ја пушти некој водата по каналот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
За сите одговори Ајша: – Го чекаат добриот кадија да ги погали. – Само да ги погали? – божем ја праша кадијата Ајша и почна со ред лево и десно да ги гали младите жени по бујните коси.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Чудно, наспроти неа, зад бараката во која сега е Дине Бочаровски, има куќа на четири ката, малтерисана и полна со пљачки по балконите што го чекаат сонцето за да се исушат.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Надвор поштарот одеше од едниот до другиот влез и прашуваше за некоја си Чана, а таа токму тогаш влегуваше во црната уста на влезот и грабнувајќи му го од раце одвај пропелтечи дека таа е Чана и дека ова писмо го чека со денови.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Со попладневниот воз Тарзан и јас заминавме за Сомбор, таму купивме еден билет до Скопје, а кога се стемни, го чекавме Михали во паркот зад центарот на градот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тоа како да го чекаше мајката на Чана, и таа седна оставајќи си го веленцето како наметка врз себе.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Го чекаме гласот на куршумот, најверојатно со мисла во себе Во мене ли ќе се зарие!?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Сакаше да се сврте и да си појде во одајчето, таму негде срет село, каде што судбината ѝ додели да го чека Димостена, кога шефот на станицата си ги плесна рацете, цикнувајќи Луѓе, па ни остана дедо Костадин!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Чедо давам, Божано! Треба да знам, што живот го чека.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
На таков порч се љубакаше и Настасја Кински во „Љубовниците на Марија“, на таков порч Мерил Стрип го чекаше Клинт Иствуд во „Мостовите на Медисон“, на таков порч Џинџер Роџерс се ќердоса со мајорот во „Мајорот и малечката“...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Веруваше дека таа го чека на другиот брег на самотата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И брат ми го затворија, поради неговото минато, поради студиите во Англија, не се знае што го чека...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
А ние, малите гномчиња, се опивавме од чајот и крештејќи и кикотејќи се лежевме и висевме по малите педалинки како гротескни сплавови на медуза...бла, бла, бла. M И уште ова: кажи ми за разликата меѓу онаа и оваа држава.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
НОРА:Беше тоа времето кога игравме нособојка трчајќи на ноктиња по турската чаршија и потоа јазејќи се по олуците-тобогани се плескавме во базени со чај, каде кралицата Балонезе спокојно го чекаше својот плен, мамејќи нè со магичниот ѕвон на клучевите од нејзините златни подземни кафези.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
...а сепак билната трпеливост на листот што го чека својот пад а сепак загнездена немоќ во глетката на приспивната починка а сепак туѓинци веќе и за себе што по изгубената блискост трагаа трагаат... мали пополноќни разговори со маја или декорот во служба на магијата
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Неверувањето го лишува постоењето на човекот, му ја одзема вечноста што го чека...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И за сите четири години таа го чекаше.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Едо плати 300 долари, си ја стави потврдата во џеб и почна да посетува вечерни часови по англиски јазик додека Марко, секоја вечер, го чекаше во „Driver`s outlet“ каде што за шоферите на мајтап стана „Студентот“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тој како одвај да го чекаше авторот да се заприкажува со него.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
За да не го занесува погледот во ретровизорот каде што нејзините игриви очи го чекаат, тој ја крена левата рака преку рамено и успеа да и ја положи дланката на малечката врз левиот горешт образ.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Му доолесна кога, додека го чекаше багажот, преку застаклената ограда го здогледа Марка како, потскокнувајќи од место во турканицата луѓе, му мавта со раката.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ги остави пред „Холидеј ин“ во Скопје. Како што не заборавија да го потсетат дека ќе го чекаат да оди во Гостивар.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ги начули ушите да го чуе утринскиот говор на денот, го чекаше следното случување што ќе му го поддржи чувството на животна радост: по неколку моменти, чу птица што еуфорично ја запеа својата немногунотна песна некаде блиску пред неговиот прозорец.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Едо наскоро во „Шоферското излегувалиште“ се почувствува како да доаѓа дома каде што нестрпливо го чека домаќинката.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Затоа следниот ден излезе пак да го чека истоименикот, но сега не седна на талпата пред продавницата туку на еден камен веднаш зад аголот пред уличката во којашто се наоѓаше неговата куќа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Додека го чекав возот, тој цело време тука некаде.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Подземните суштества што ја населуваат Брезница три пати на ден излегуваат на виделината на денот собирајќи се пред селската продавница: прво,изутрина кога го чекаат лебот; потоа, кај единаесет часот, кога пак излегуваат да го дочекаат поштарот и приквечер, кога тука се собираат главно сите оние кои преку дента работеле.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Да го чека понатамошното трасирање на Едо во Сан Диего му се виде невозможно.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Го проби оловото но ако останеше жив ќе го чекаше ли своето распетие?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Нашата држава е јагне. Со ангелско спокојство го чекаше благословениот нож.“ „Вие ќе се боревте?“ праша.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Овде го чекаа други грижи, реални, допирливи.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Така чекорејќи во семожни мисли, стигна пред куќи. Крај порти го чекаше Јагулица.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Го чекала кутрата цел ден, го чекаше и ноќва.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Кај Хаџиевци, старата Воскресија го чекаше мажа си со чаша вино на маса, ојден со другите рибари да го чека крај реката минувањето на јагулите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- За нас е доцна, - се огласи Воскресија, - го чекам Коља од далјаните.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тука, пред буката каде што го чекаше Шишман, местото малку зарамнуваше, па и Србин успеа да се фати за буката одспротива.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Во дворот го чекаше коњчето Дорчо.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Оган нема И храбро гледаш Ветер како ја разнесува пепелта На она што одамна го чекаш
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Но набрзо во канцеларијата влезе секретарката Ботка за да му соопшти дека нема потреба да го чека другарот Ниновски.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И така, јамата остана да го чека својот вистински сопственик.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Каков град, види ја државата бе. Никој не води рачун за ништо.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
У еден партаљаф кустум, су широка врска, мисљ`ш лигарник, а панталоонто... шо да ти кажувам... у едната пачавица двете нози ќе му ги субре.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Детето, очигледно, е осамено. Тој по цел ден е на работа, надвор од куќата, а тоа, рано вратено од училиште, го чека.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Патникот, му јавија, ќе го чека пред блокот Б13.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Добро, ај више да не те гњаву. Може ли да запалу едно цигаре?
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- Тоа го знам! – му излета („тука беше искрен“, си се пофали, ама патникот како ништо да не забележуваше, тука само го чекаше следното прашање). – Па, те стигна ли?
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Додека пребаруваше да ги најде паричките (пцуејќи ги во себе и него, и партијата му, и суратот), овој достоинствено го чекаше, чешкајќи се по непоткусурените влакна на лицето.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
По прошетката, умееше, без најава, да им заѕвони и да си влезе внатре како да е тоа најнормално, оставајќи го Боги да го чека пред влезот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тогаш за првпат се сврти и го погледна; она што го чекаше ѝ се читаше во очите.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Зашто ветерот полека се издигаше и тој му се препушти да го подигне и понесе по остатокот од патот низ пустината до ракетата што неподвижно го чекаше. 20 Кошмарна треска Го ставија во чистите, свежо испрани чаршафи, а на масичката под матната розова лампа секогаш имаше полна чаша со свежо исцеден сок од портокали.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Зошто“, рече конечно жена му, „па тоа е како кога го чекаш огнометот во Сисли филдс секоја година.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
И тешко и горко за тој што ќе спека во овие битки под сурови рани, не човечка милост, не прочка го чека, а ужасна мака од душмани збрани.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Ако се случеше на пример да го прашаш кого го чека во овој ходник тој можеше да одговори дека може да го чека кого сака и дека тоа е негов личен проблем.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Зошто да не го прашам кого го чека?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не би бил неодмерен и одговорот: „Гледај си ја другар работата!“
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тој велосипед со излижани гуми Господ морал секој ден да го вози по нерамната калдрма покрај Серава и низ Бит Пазар дури во Чаир.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Или на пример да го испровоцирам, да му речам дека сум умешен во потрагите и дека можам да му помогнам да ја пронајде личноста што му е потребна?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А сожалувањето доаѓаше додека си го замислував велосипедот што го чекаше потпрен на џамлакот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И така си стои Нумо скраја од патот и двапати дневно го чека својот пријател-шофер за да го земе.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Него најпрвин го чекаше менгемето.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Икар сигурно знаел што го чека во височините уште пред да си ги врзе крилјата, но штом се вивнал во небото, височините му станале желба, во него се родил духот на севозможното.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Вечерта Бошко го чекаше Лумана да дојде да си ги земе парите, но тој не дојде.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Вашите татковци сега, ако се селани, кога сакаат да одат в град, на пазар, ќе се качат на воз или на автобус, или пешки ќе тргнат, па ќе стигнат таму, за да свршат работа и да ви го купат она што сте им порачале па вам целиот тој ден не ви останува ништо друго освен нестрпливо да го чекате некаде под село и уште таму да видите дали сте го добиле она што ви било толку драго.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Никогаш полошо не ми било, - рече Бошко заумено и му раскажа сѐ како му порачал Луман и што мисли дека го чекало.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Жените и мажите го чекаа пред порти или го пресретнуваа на улица распрашувајќи се преплашени и жалејќи го деда Бошка што го снашло вакво зло.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Тогаш дедо Ангеле им раскажа сѐ и им рече дека вечер треба да го чекаат Лумана на патот преку река.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
По еден час и Бошко Манев, кога дотрчаниот Танас му кажа, исто така знаеше што го чека зашто арнаутскиот обичај на сите им беше познат: кога некој ќе ти плати за сѐ што кај тебе јал и пил – тоа значеше дека има право да ти одмазди како што сака за она што мисли дека си му го сторил.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Да легнам и да го чекам да ме заколе, не ми се легнува!...
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Го чекаше Бошка да мине по улица.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Децата сите го гледаа под око и, како некои судии, го чекаа да им дојде.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
„Речи ми ти ако знаеш, јас не знам“, се брани агата, а коњите слушаме ’ржат пред портата. Колата го чека.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А Трајчеица како одвај да го чекаше тој момент и тој негов поглед, влета во неговото молчење со својата приказна иако јас пред тоа се обидов да го скршнам разговорот на друга страна.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Секоја вечер го чекав будна. Не поради некои сомневања во врска со неговото лично поведение.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
4. Веќе се враќам: годините во оро задушница им праќам; сегде познати лица нигде, нигде птица Рајот го чека крај нема спас, Матеа и ангелите патеа а ти а јас...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Кријам глава зад двете близначки пред мене, им ги фаќам пополека двете крајчиња од нивните плетенки,ги врзувам во цврст јазол и нестрпливо го чекам ѕвончето. Доаѓа и тој миг.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Стариот мајстор се сврти кон талкањата како кон пријател, што залудно го чекаше меѓу луѓето.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
ПОЦКО: (Како да му е брат родеп на АРСО: како ведринато и итрината да ги поделиле на еднакви делови, само што да нема контрола и кочница — а тоа е неговиот син Амно, неговата сушта спротивност, — тој ѕо лукавството би одел и подалеку од чесното и дозволеното со утврдениот ред и со обичаите.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
КЕВА: Арно што ќе го чека.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ајде да влезам во оваа божја сенчица, да го чекам... (Влегува во врбјакот.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
СПИРО: Не ние, туку да ги викниме комшиите!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Цимерколегата Франц ненадејно замина и назад не го чекаме, не.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
До крајна линија на неизбежно лудило се обидувам да се сетам на среќното детство.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И во двата случаи главниот виновник ќе бидат или сплетот на несреќни околности или мрачните сили на пеколот кои како гладни крвожедни кучиња го чекаат својот плен, тие жртви кои во себе го носеа дивиот страв, тие изгубени и продадени души кои се изгубија по патот на неверството, предавството.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Со насмевка и нежности, ин сано сензу, правевме долг список на ветувања.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но веќе одамна се нема ништо исполнето ни случено, но да се надеваме дека утре светот ќе бидам подобар.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Го бојам со боите на животот копнежот што толку долго го чекаше моментот да излезе од мене, да ги претвори во живот илузиите на сонот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Луѓето се посиромашни од кога и да е, но со големи идеи кој го чекаат денот да бидат исполнети.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И низ сета таа виулица од луѓе, погледи, разговори, чувства, емоции, постои пукнатина каде се слива целиот тој хаос и останува душата ослободена од гревовите, а сетилата го чекаат новото раѓање за да го вдишат животот со целата своја енергија.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Јас се пуштив удолу, не го чекам лифтот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Којзнае од кога го чекав ова, вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Влегов во едно село што се гледаше од патот и сега таму ќе го чекам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го чекаме возот и нѐ издава трпението.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— И вие го чекате Хрушчов, прашува момчето, намигнувајќи со очите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тупкаме со нозете во снегот и го чекаме возот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја подготвуваме новата програма, а јас седам вака, настрана: си го чекам редот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Излегов еднаш надвор од градот и застанав да го чекам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе прашуваат: каде ќе го чекате новиот век, што мислите за векот што изминува?
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Пред влезот го чекаше Нина. „Каде се другите?“ ја запраша.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ех, со колкава возбуда го чекаше мигот, кога тато ќе влезеше во кујната и ќе го викнеше: Пауза, народе!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Со векови таа го чекаше да се покаже зоографот а кога сфати дека тој е безнадежно отпатувал таа само ја допре неговата четка обесена на ѕидот и некаде пладнето крај неа оживеа русокосо момче со пеги на лицето.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
А дедо реши со своето потесно семејство да го чека залезот на границата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Попусто ноќта скаменета за смена денот го чека...
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Тие го чекаат доаѓањето на Менсфилд, кој носи писмо од генерал Михаиловиќ за претседателот Рузвелт и генералот Донован.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тие чекаат еден претходен извештај па да донесат дефинитивна одлука за нивниот натамошен однос спрема Михаиловиќ. 110
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Неколку часа Ц стоеше на местото каде требаше да го чека жената во црно, но таа не се појави.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Задишан се врати на местото на кое требаше да го чека жената во црно, но таму не го чекаше таа, туку налутените баба и дедо придружени од полицаец.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Децата го чекаат снегот за санкање, возрасните за романтични прошетки, а оние со спортски дух за скијање.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
И како дете и како возрасен го чекаше снегот за да застане покрај улицата и со другарите да мава автомобили со снежни топки.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Мислев дека на среќата ѝ нема крај и замислував колку почесни докторски титули го чекаат во иднина.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Долго го чекаа и тие кои беа затворени и интернирани и тие кои ноќе беа грабнувани од дома и чекаа судење или беа задушувани со обична жица и тие кои се криеја во шумите и само ноќе скришум навраќа дома.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Долго го чекаа разочараните оставени на сопствената немоќ, долго го чекаа и несигурните кои сакаа да бидат водачи...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Пресудата беше луѓето со него да имаат трпение колку што ќе се може, а ако Тефик претера, се знае што го чека.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Многу му го имаше стравот на дедо Геро: тој си знаеше што го чека ако само еден чекор пречекори па не му остануваше ништо друго освен да се фали.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Срната стоеше и го чекаше. Бате Јоле се врати со сено заграбено со двете раце и го стави на куп пред срната.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Мече си седна под сенката на еден багрем, ја закуба нервозно тревата околу себе и сосема заборави, обземен од свои мисли, на оние што долу, крај реката, запотени под пекот на сонцето, го чекаа нетрпеливо.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Како да се беа здоговориле со Белича; тој незабележано се искраде од бараката, кај црниците го чекаше веќе Белич готов за бегство, но како одеднаш се најдоа пак таму, сред блатото, на чун?
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Го чекав навечер по скали, телефонирав, оставав писма. Уште милиција што не испратив.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Беше тивко и мирно околку нас - личеше на маѓепсан град, чии жители го чекаат денот на престанувањето на магијата. Речиси шепотевме меѓу себе.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Мајка ми се насмеа: - Тогаш остави ја нека вози ролшуи и нека го чека пубертетот, а ти најди си некоја друга девојка што мисли поинаку од неа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Сестра ми ќе го чекаше на портата и ќе викаше: Ајде тате дојди, донеси ми бомбонче, додека јас си велев – е, блазе ти стебе.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Кога побегнав од неговото одајче и од очите на луѓето за да ја родам мојата Пела, му напишав големо писмо дека не можам да го чекам со мојот голем срам, да не се надева дека ќе ме најде кога ќе го ослободат, ама додека е там и плаќа за мене, јас нема да го заборавам, храна и пљачки ќе има еднаш во месецот.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Беше смирен. И не беше уплашен од тоа што го чека. Уплашен беше бегот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Му рече Марин Крусиќ, кога момчакот на враќање ги растовари рибите, излезе од чунот, и кога сфати дека го чекал, му пријде, како на нешто неминовно, како на судбина: „Ти Влав ли си?“ го праша овој.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ќе си земеш жени нашинки, и ќе си изродиш со нив Турчиња колку сакаш. Како јас, еве, седумнаесеттото го чекам.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Калија везеше многу убаво. Попладне, откако ќе ги свршеше домашните работи, туку ќе се курдисаше на чардачето и, наведната врз ѓерѓевот сѐ додека беше виделина, го чекаше така Маркота од дуќан, кој секогаш ѝ носеше измирска алва во книџе.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Баш ова не го чекаше. „Што велиш?“ го крена гласот пашата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Помина еден ден. Ништо. Два дена. Ивана не се јавува.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Еден ден, гледај чудо! Мајка ми го ставила прстенот, но ништо не вели.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Брат ми рече дека времепловите се интересни само на филм, како што е она патување низ минатото во филмот „Враќање кон иднината” и дека ако мајка ми нема против, не би дошол со нас, оти знае тој како ќе изгледало тоа нејзино „носење во детството”.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Затоа, зашто го чекав нејзиното јавување, бев буквално дежурен телефонист од утро до мрак.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Таа го чекаше нејзиниот фустан од жолта руска свила, а од него абер немаше.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Татко ми не беше расположен за тоа: - Во моментов не сум расположен за времеплов, оди со децата – рече и остана во една кафеана да го чека чичко Ацо Дукац, другар на мајка ми и негов, кој, бидејќи е директор на Градските кина во Скопје, беше службено на фестивалот, ама не работеше толку колку мајка ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)