го (зам.) - црта (гл.)

Знаеш, оној со продавницата спроти нас, што го цртав од нашиот прозорец, и оној со бронзениот бокал, со ружите што ми ги донесе.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
„Може - му рече уметникот - по фотографија или да ми стои да го цртам”.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Уживал на часовите на Inge Druckery која единствена била блиску до фонт-дизајнерството; таа од учениците инсистирала со недели да го цртаат Roman фонтот без користење на мерни инструменти.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Таа открива дека може да се претвори во мачка.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тој едноставно ги раширува крилјата на својот дух и лета во правецот што му го црта низ воздухот неговата желба.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Запреа и кај фреската на ангелот за која игуменот им раскажа како зографот Трпо, пред да почне да го црта, долго време барал по околината модел што ќе му послужи за ангел.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ми се стори уште постар, пожален. Господи, мислев, неговото лице еден ден мајстори ќе го цртаат в црква.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тој знае по нешто многу убаво да нацрта, а Фигаро особено убаво го црта.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Васе го чукна по лицето, го загледа оддалеку и рече: - Ќе го цртам.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Зимата и заборавот се сретнале некаде зад нашите допири и кога се доселиле немо, небаре љубовници се разделиле. ... а толку сакав да ти го цртам аголот на тој лелек на цветот, меѓу луѓе залутан.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)