го (зам.) - уфрли (гл.)

Едноставно ќе ги спакува своите работи, можеби дури ни тоа, по ѓаволите со тоа, можеби само ќе се облече во облека за излегување, ќе ги закопча копчињата затвори дрикерите повлече патентите и ќе ги остави клучевите во кутијата за експрес чекирање, тоа е за нив, всушност, господинот и госпоѓата Платено Однапред, или дури ни тоа, ќе го уфрли клучот во кое било патемно поштенско сандаче, повратната поштарина е загарантирана, по ѓаволите со тоа, време е да се тргне.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Овој германскиот Мегле најмногу ми се допаѓа – ми вели и го уфрла златното пакетче путер во кошницата: А кажи ми, каде експлодирала првата атомска бомба? – Во Хирошима – одговарам оти морам, иако ми е јасно, познавајќи го Врапче, дека очекувано грешам. – Не би рекол.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
За секое нешто можеме да го замислиме човекот што го уфрлил и зошто тоа го направил; “тешко ми е да претпоставам што мислел оној кој во сандачето уфрлил масна хартија од бурек”, рече Граси при отворањето на сандачињата/изложбата.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Дувна еднаш силно, па уште еднаш, право во устата ама длабоко да го уфрли зракот до доле, да се ослободи преплашеното дете.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)