го (зам.) - усоврши (гл.)

Доста не само што не беше заборавила, ами во Солун беше го усовршила плетачкиот занает, плетејќи фанели на луѓе што ѝ плаќаа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Меѓутоа, тој рече дека сака системот да го усоврши со тоа што ќе постави војник на смена кој постојано ќе кружи од војник до војник.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Од често одење го усоврши ловењето, па дури и победи на републичкиот натпревар во риболов на блиското Савско Езеро.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ќе го усовршите својот германски на мојот имот покрај Рајна. И својот вкус.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Тоа, всушност, беше заштитен знак на Ладламовата театарска техника, како што неодамна нагласи еден негов соработник: Она што Чарлс Ладлам го усоврши, и како глумец и како режисер, е умешноста да го одржи патосот на некоја трагична ситуација дури и кога ќе загазеше во урнебес.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Небаре врела вода на врел воздух искрснува, питома ем складна змиски устремена, како што ѝ прилега кога на-една-душа го шмука сиот живот себеси за да се надмине да го усоврши чинот - самоволието!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
На ќор-сокакот на нашата „патека на љубовниците“- споредна уличка со напуштени фабрики - каде што јас го усовршив движењето на прстите со кое за миг се откопчува градникот; зад јоргованите во Паркот Маркет каде што прв пат ме допре преку фармерките и твоите пупки, набабрени под проѕирниот памук, ми се чинеа лилави како јоргованите; на балконот на новиот Театар Кларк каде што си ги избришав дланките од солта од пуканките и ги протнав меѓу твоите бутини, а ти прошепоти, „Се чувствувам како Дорис Деј да нѐ гледа,“ - и тука не го направивме.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Колку навикнати бевме несмасно да се плеткаме, колку совршено непогоден беше нашиот тајминг, како мислевме дека енергијата е екстаза. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 177
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се сеќаваш ли на таа со топлина смирена ноќ, и ние двајцата, со пот соединети, треперејќи како низ Плажата Оак Стрит да беснееше некој вонземен ветер којшто само ние го чувствувавме?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)