го (зам.) - усмрти (гл.)

Но за тоа подоцна, оти времето не е стигнато, о возљубени; а јас сум познат по тоа дека уживам да сочинувам слова секакви и да си измислувам свои истории што воопшто и не се случиле, ама да изгледаат така како пред очи да ви се; и знам сказанија да преподавам така, со прекини; по малку да ви давам да вкусувате од собитието, од слаткиот мед на историите, како на изжеднет вода што се дава во пустина, капка по капка, за да не го усмрти заситувањето на жедта, на потребата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
ЛЕНА: А сега ве фаќа уплав и при самата помисла дека би можеле да го усмртите и мојот син.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Некој навидум безначаен и дребен настан, кој сепак е услов без којшто нема пристап до љубовната напивка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Јас само не сакам да го усмртам вашиот син и тоа е сѐ. Затоа сум овде.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Од друга страна, имајте на ум дека тоа не е безопасно, бидејќи претворањето на читателот во јунак на една книга му дава на писателот можност да го повреди, па дури и да го усмрти само во два реда.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)