го (зам.) - условува (гл.)

Нашите театарџии, не само што не можат да го условуваат своето гостување, туку треба и да се плашат, наместо топла и вкусна супа од опашка од вол, да не добијат рогови за чепкање на забите во кои одамна немаат складирано ниту трошки од богата софра.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Од сето што го зборуваа, можеше да разбере дека го условуваат: или таа - или тие.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Со истиот член од ЗИДЗРО од септември 2010 година дополнително беше предвидено дека работодавачот не смее да го условува склучувањето на договорот за вработување со потпишување на спогодба за престанок на работен однос (т.н. „бланко отказ“), со што конечно се укина оваа можноста за примена на оваа малициозна практика од страна на работодавачите секогаш кога работникот ќе се „дрзне“ да си ги штити своите права.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Човекот мисли дека тој има контрола и дека тој управува со предметите и Машините, но колку тој ги условува нив, толку тие го условуваат него.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Холандината методолошка приврзаност кон историската контексту­ализација и деконструкција како орудие кое ќе ни помогне да ги лоцираме машките предрасуди во текстот и кое ќе помогне да ги откриеме или повторно промислиме хиерархиските отпори и исклучувања коишто ги направија жените невидливи, го условува нејзиното потпирање врз континенталната философија како пат кој води надвор од машката философија.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Вирусите, објаснува Weibel, “го условуваат човекот и манипулираат со него”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)