го (зам.) - упропасти (гл.)

А тие продолжија: Си го упропастила брашното, и почнаа да ме убедуваат дека не е еднакво житото од нашето поднебје и од нивното.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Нив можат да ги предизвикаат само театарски адоранти налик на оние што ги истакнувале вредностите на пиесата на Виктор Иго „Ернани“, што го исвиркале „Галеб“ на Чехов, што со стиснати тупаници му се заканувале на Мерхолд оти им го упропастил Гогољевиот „Ревизор“ или, пак, налик на оние кои извиците „Браво“ од задоволната публика ги заглушиле со силни свирежи упатени кон тенорот Роберто Алања по завршувањето на романсата на Радамес од операта на Верди, „Аида“, изведена во Миланската скала.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Седевме таму едно половина час и му велам на чичко ми Борис: Може ли да ме известиш ако почне движењето, а јас да се симнам долу да видам до каде е лебот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ем сум гладна, ем многу љубопитна да дознаам дали сум го упропастила лебот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
СОЊА: Не сум ти јас виновна што си го упропасти животот.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Најпосле, дури и најмал отклон од тој стил, дури и блага замена на тој изглед може да го упропасти целиот ефект, да ви ја дупне возбудата и да ви ја спласне заинтересираноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во некои од издавачките куќи во кои Вулкански и јас се обидовме да го објавиме бевме нерадо дочекани, а една од нив издавајќи го толку го упропасти со дилетантскиот и полн со омраза технички третман што отпечатеното немаше ни 30% од вредноста на цртежот.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Ги прашав: Зошто да не, навистина ова е ’ржано брашно, но јас сум месела од секакво брашно и секогаш добро излегувало.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)