го (зам.) - укотви (гл.)

Кога Гури Порадеци, конечно, го укотви нашиот чун на другиот брег од Езерото и ние минавме во друго време, Татко, во мигот, се сепна, остана во чунот упорно барајќи да најде нешто во испразнетиот простор на чунот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мојава душа е пристаниште и само ти можеш да го укотвиш грандиозниот брод на љубовта, мојата страст, нежност и копнеж, моево срце и душа се најинтимното нешто што можам да ти го подарам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Уморот, сепак, го укотви врз постелата и тој заспа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)