го (зам.) - удоми (гл.)

Поп Петко зошчо толку рано си го удоми Крчето, за да си го запопи, — продолжи Јован со увереност дека, иако е Крсте, ама вистински поп е.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Адемага ги наполни и бочвите со вино; каците со маст веќе беа полни од летоска; донесе од Прилеп и еден товар шеќер; го свари и комињето од белото вино и така се приготви да ја чека зимата и ужива во кулата крај неговите три ануми и црното Кате. Ho даде збор Катето да го удоми дури не го продал чифлигот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Доведи му ти невеста, нека работат обата како ние шо му работиме на бабајка ти и тебе и ќе се одборчат — рече Трајковица сета среќна дека бегот се заинтересувал нејзиното Толе да го удоми.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сполај му на бога што си исчекав радост во куќава... Си го удомив детето.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Така и мислата да го удоми Катето назреваше и требаше да се исполни.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)