го (зам.) - ублажи (гл.)

Совет: Во случај на зголемена анксиозност или престимулираност, не дигајте паника, останете мирни и најдете некој седатив кој ќе го ублажи дејството на амфетаминот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Пушачите пушат за да го ублажат стресот и вознемиреноста и да му одолеат на чувството на замор и монотонија.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тета Дитка имаше право. И последното, душманско искушение, чичо Ѓорѓи го ублажи со музика. Веќе искашлуваше крвави грутки.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Кога се врати светлината се огласи А.А. со намера да го ублажи мачниот впечаток што го оставија зборовите на П.П.:
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Шутирам, па трчам со раширени раце, сама како голман да одбранам, а нема кој да застане како жив ѕид да го ублажи шутот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Го дочека на раце, му го ублажи паѓањето, но и двајцата се најдоа стркалани на земјата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Немаш раце да се закрепиш, да го ублажиш паѓањето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Требаше да ѝ каже макар и еден збор, со кој ќе го ублажи тоа што се случи.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Зашто таквото симболично обесштетување е единствениот вид на обесштетување што можат да го очекуваат за она што, најпосле, е непоправлива и ненадоместлива загуба.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ова е она што Ахил најпосле го открива за себе, откако ќе го убие Хектора во пустиот обид да ги искупи сопствените погубни грешки.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Дури тогаш ја сфаќа емоционалната јаловост на тоа јуначко дело – неговата неможност да го надомести загубениот Патрокло и да му го ублажи чувството на одговорност за смртта на најсаканиот другар.302 Според Илијадата, човечката општественост зависи од одржливоста на чисто симболичните трансакции.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа налага откажување од сета надеж дека некогаш на светов ќе се најде соодветен објективен корелатив на она што го чувствуваме и задоволително средство за негово изразување.303 Ако општествените посредства отпочеток не се сфатат како нужни (и само) симболични, а не изразни, ќе се смета дека се крајно недоволни.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
- Може си е добро детено, не велам не е,- малку го ублажи гласот, - ама да внимаваш, да не ви снема нешто од дома, има и багабонти во тие домови.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Бидејќи домаќините не оставаат да ја разблажиш, ти останува да ја цуцлаш претворајќи ја голтката во капки што ќе го ублажат убодот на отровот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
“Моето тело делумно ќе го ублажи ударот.”
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Таа целиот ден го помина обидувајќи се да го ублажи очајот што и го нанесе Еразмо при последната средба.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
-Кога си гневен, моите солзи не можат да го ублажат твојот гнев.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
- Ве молиме, соопштете ни дали имате некакво искуство како да го ублажиме ова зло?!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)