го (зам.) - труе (гл.)

Грчките пропагандисти одамна го трујат тамошниот народ и му ја убиваат душата; арнаутите им ги отимаат имотите на селаните, им ги палат куќите и ги убиваат; цинцарските анџии и чорбаџии, кои скоро секогаш биле грчко оружје, тој несреќен крај го имаат доведено во страшна положба; агентите на Милоша Милоевиќа - кои би требало да бидат апостоли на јужнославјанското единство и ангели-хранители на незаштитените и убиените, т.е. кои би требало да ги заштитуваат бугарската народност и бугарското име - проповедаат некакви назадни идеи, сеат раздор, создаваат поблеми и ги тераат своите браќа и сојузници да го изгубат и својот последен карактер и да се фрлат во прегратките на јужнославјанските непријатели.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Има и такви што умот го трујат и не треба да се чујат.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Со него, со векови ни го трујат народецо златен и сиромашен, та затоа ни е телку заостанат.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
За најприврзената, единствената која што во мачните изгнанички години страдаше со него по пустите острови, која го храбреше, советуваше, која му роди и отхрани во гордост и топлина два сина – за неа тој беше убеден дека го труе.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Мама Кристл смртно се навреди и рече: „Јас не знам откога тоа златото е отровно!?“, на што професор Џеф елаборираше: „Па така во една епизода од Д-р Хаус еден го труеја со злато“.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Невешта стратегија, ништо повеќе. Знам, Колку и да се сигурни во методите: со нешто го трујат воздухот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сега молчаливоста му беше катинар, за да не излезе од него онаа смрдеа што го труеше.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Дали од премногу гледање филмови, си го труев младото мозоче.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Невешта стратегија, ништо повеќе. Знам, колку и да се сигурни во методите: со нешто го трујат воздухот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Мозок затруен од црни мисли. Веднаш го труе целиот организам.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
„Почекај, Нина! Не е исто: немаме информација каде е лоцирана нивната дива депонија и дали така секојдневно го труе населението“, ја смируваше Томе.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ова што ќе ви го речам добро да го запаметите: површинава што ви го труе детството - ѓубриштето Вардариште - во време од четириесет години не ќе може да се користи за ништо друго освен како зелена површина.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)