го (зам.) - тргне (гл.)

Немаше што да се бара повеќе, Јован ја истурка земјата назад во дупката, го избриша челото од потта со подлактицата и го тргна перчето како праз права коса.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сега ја собрав таа храброст и со немир го кренав капакот, го тргнав настрана, и се наведнав над длабокото. Долу светкаше вода. Господе!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Најчудно беше тоа што и мене ова ми беше првпат да го гледам тој филм - штом го измонтиравме го донесовме во кино.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Знаев дека никогаш повеќе нема да го видиме во цела должина и затоа тој беше како и нашите животи - би поминал еднаш покрај нас и никогаш повеќе не би го виделе.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Некои луѓе останаа во текот на целиот филм, некои станаа и си отидоа, некои заспаа во своите седишта, некои заспаа во предворјето, а некои беа како мене - не можеа да го тргнат погледот од платното ниту за момент.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Од сонот го тргна ѕвонењето на специјалниот телефон. Со напор се крена и отиде до него.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Дојдов до него и го тргнав за ракавот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Жив е”, вчера ми рече мајка му, „сè ќе биде добро. Ајде!“
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
2. Во карпата над чешмичето, од каде пред десетина години го нападна онбашијата за да го одбрани дедот Паленѕа и сина му Бојка, ги остави своите седум души опробани другари да си ги споменуваат тие стари спомени, а тој со Ќосото се оддели и го фати честарот во Суши Кутол.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ама ми е жал оти не му го тргна одма куршумчето кога избега од гробишчата или во ливадата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Техниката треба (од онаа страна на практичното значење) човека не само да го забави туку и да го возбуди, да го тргне од самозадоволноста.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Костумот го тргнал настрана.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Силно тропање на надворешната врата го тргна од мислите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
За него беше битно како да го тргне Татко од сиџилите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Денко го крена грнчето, отпи две-три голтки, па го тргна од уста, држејќи го така минутка-две, треперејќи со очите, шмркајќи со носот, трудејќи се на сите начини да му ги одреди својствата на тој пијалак.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Поновите истражувања, засновани на современиот научен пристап на личноста, во многу што успеаја да го тргнат велот на тајната од творештвото, но и понатаму го поддржуваат ставот дека творештвото, првенствено уметничкото, во суштина е абнормална состојба, бидејќи во моментите на интензивно вдахновение ги има сите карактеристики на присилно невротично дејство, кога творецот чувствува дека извесни идеи му се наметнуваат со некоја натприродна сила така што делото не е сосема негово туку и на некоја мистична сила која му го диктира стихот (Блејк), мелодијата (Моцарт), линијата или обликот (Микеланџело), коишто треба да се извлечат од дотогаш неорганизираната материја и да им се даде форма.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Возеа неколку километри нагоре по реката и таа не беше свесна дека погледот речиси не го тргна од бистрата вода што не ја гледаше, туку само ја слушаше како жубори, како што ѝ се чинеше.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
И да било така, не ќе бев подготвена да го прифатам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Вториот глас, овој пат ќе го премолчам. Беше толку злонамерен што веднаш решив да го тргнам од умот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Сѐ повеќе сум со чувството дека нешто не е сторено иако речиси знам дека тоа требало ти да го сториш“, најдов за потребно и да и приговорам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Или само се обидував да го тргнам од размисливе шпиончето?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дали да се оправдам и да го тргнам од себеси чувството на вина, или да заборавам на празнината за која не сум сигурен дека постои иако чувствувам дека бавно и речиси неосетно тонам во неа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Џон не се согласувал со соопштението, па ги повикал моите претпоставени од управата со својот авторитет да го решат прашањето и, најенергично, апелирал да го откажат предметот и да го тргнат од студиската програма на Катедрата за англиски јазик. ‌Дотука немаше ништо необично во пораката од Џон.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Знаеш ли колку е голема маката кога на порта ќе ставиш катанец без надеж дека наскоро ќе го тргнеш?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Но, во ситуацијава, кога пред мојата смрт ми останува да живеам уште еден час или два, додека ја фрлам и последната бомба, и да го тргнам чкрапецот на мојот нагант, мислам на тебе, писмото нека ти докаже колку многу те сакам.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Добрата Душичка гледаше некаде в косо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се наведнав, и го тргнав чаршафот од прекриеното лице.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Излегов во ходникот и тргнав кон сопчето на брат ми.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Останав да лежам така уште некое време, а потоа полека го тргнав чаршафот и станав од постелата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ќе го викнеме Илчо Просинек. Знае влашки, грчки.“ Го тргна кошот од пред мене.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Во Лесново изгоре куќа, попе. Кажи ни од каков оган.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го тргнал тамо под портата и седнале двајцата.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Утредента сите нѐ собра во одајата, го тргна покривот од лелајката за да го видиме бепчето, а потоа нѐ спотера по селото да ја рашириме веста, да кажеме дека ни се роди братче.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Море каков дедо, каков прадедо, вечно ли ние овде ќе си ги кинеме трбушките да пренесуваме товари”, викаа луѓето и опкршуваа околу куќата и гледаа од кое ќоше да почнат, кој камен првин да го тргнат, од кај да загризат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ако молчи и е многу лут, ама не сака да признае, затоа што го тргнала од пред телевизор баш додека траеле квалификациите на авто-трки, па само кима со главата и ми ја подава картичката за секој фустан што таа го пробува, тоа значи „пакувај!“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Слегуваат луѓето од коли, од коњи, да ги разделуваат, да ги откинуваат; да го тргнат Дука Вендија од над Мисајлета Ковачот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ете така, а сега да немам ни дрвце да си сварам уште едно грне грав. (се чука по главата) Ами, будаличко, го тргна грнето, тури им веднаш вода- изгасни ги.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Го тргна Богдан албумот и стави леѓен да ги собира капките кои одѕвонуваат во леѓенот како во пешетера.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Во тој неделен ден го тргна од тежок, опоен сон некаква улична расправија. Беше запарно и здодевно. Воздухот просто се лепеше за душник.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Една фантастична поетска дружина го насетува злото и донесува одлука својата симболична маскота, коњчето Јохан, благовремено да го тргнат на сигурно.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ѕидот човекот не може да си го тргне самиот лично.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Откако го тргна таа — сите очи во неа гледаат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Беа ги пресекле диреците на мостот, и кога се качија педесетина од моите момчиња на него, тие се ортоми го тргнаа мостот и сите попаѓаа во реката.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Рече ли тогаш нејќам ќе им го тргнам ножот на сите да гледа, а после и нејзе. Така ќе направам.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кога го здогледа авторот како да подзастана, но штом погледите им се сретнаа, тој како посрамено си го тргна погледот и продолжи без намера да проговори.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ги зеде во предвид сите можни околности, но не си дозволи да се вџаши и да го тргне умот од она на што решително го имаше насочено.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Сврделот“, ми вели овој козарот наш, курирот нивни, „пред мои очи му го тргнаа куршумот, му ги соблече палтото и чевлите и мене ми нареди да го закопам, ни збор да не сум рекол никому и да си се вратам в село...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кој знае зошто, не можеше да го тргне погледот од блокот со зелена хартија.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сигурно не му текнало да се исплаши, или кој знае како, брзо-брзо тој го отклучил катинарот, го тргнал резето и го кренал капакот...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Су, со погледот кренат нагоре, со дланките стегнати врз шанкот, го повтори изразот во себе шепотејќи со усните, откривајќи ја убавата низа заби во устата од коишто Едо не можеше да го тргне погледот и потоа се вдаде во Еда: „Што ќе порачате?“ го праша по нашински Еда, а не Марка, како да ќе го чести.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Стариот прво го тргна попречното железо, а потоа ја преврте и клепашката.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Меѓувремено смогот му делуваше сè позастрашувачки така што ниту можеше да го тргне погледот од него, ниту пак во главата да заврзи мисла.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Млад е. Уште учи“, рече тој оправдувајќи го малиот кој, ако што подоцна авторот ќе дознае, му беше внук по жената кој сакал да биде полицаец, па овој го зел за да му го тргнат умот од таа работа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Не можеше да го тргне умот од политиката и да видите што му направија.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Иако знае дека нема да го тргне. Предизвикот е преголем.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Се прашува дали не треба да го тргне умот од тоа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кога ѝ обрна внимание, таа веќе насмеано го гледаше и штом тој ја забележа, таа го тргна погледот од него и отиде натаму кон касата каде што беше клапнат дебелиот човек, сигурно стопанот како што подоцна дозна Едо.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Збогум. М...“ Спиеше и го сонуваше ли своето уништување кога некое млако искашлување го тргна, не знаеше.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Никој не помислуваше да го тргне од неговото место.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Полека го тргнаа лостот и подотворија, внимавајќи вратата да не закрцка.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Го тргна за уши, му го даде кавалчето и го пушти да си оди.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Својот поглед не го тргна ни онојпат кога во тремот Радуле, и тоа прилично гласно, ја кандисуваше Стојна да го сторат под итно она.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Човеколиките брзо го тргнаа. И насекаде се слушаше ракоплескање.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Јован го тргна ќебето. Градниот кош на Коста во гипс. И рамената.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Таа му ја подаде гуската и налутено му рече: - Вие, другар, само мочате, срам да ви е! - Што? - праша Коста.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Кога Ангеле успеа вака да ги поколеба и Бошка и жена си, го остави својот филџан настрана, го тргна и Бошковиот и му се сврте.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Задевањата на децата веќе не го навредуваа и за деда си не се плашеше. XI Токму тие денови комитите и повидните селани од Брезница со часови се советуваа како да го тргнат злото што ги поклопило.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И после, дедо му не е лош човек, го натерале и малку умот го лаже, но се ќе си дојде на местото ако го тргнат од патот Лумана.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
На деда Гера нешто му текна и го тргна кавалаот од уста.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Го тргна лостот и ја отвори портата.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Дезодоранс? Што ќе ти е таква работа? - мајката не го тргна погледот од телевизорот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ане ги погледна, во еден миг престана да липа, а потоа го тргна погледот и продолжи со истиот занес како и претходно.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Му се обесив да го тргнам за да се истави од пред мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Луѓето ми зборуваат нешто, сакаат на друго да ми го тргнат умот, ама јас сум оглувела, никого не слушам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе му го тргнам овдека, вели Никифор Абазовски.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе ѝ го тргнев фереџето и ќе ја одбулев пред сите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дедо пак изненадено и зачудувачки искриви веѓа и стегна усни, мрдајќи со глава, па праша: - Даскалот, велиш за сигурно ќе го тргнат? - Така ми ветија.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Даскалот ќе го тргнат. Утре ќе дојди нов. Рекоа дека е многу добар.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Одејќи, одвреме навреме со влажната шамија си ги омекнува испечените усни за да го тргне од нив оганот и да ја подгасни жедта; колку за да омекне сушата што ја пече.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Освен тоа, толку многу посакував некој да сака да ми рече јас да го тргнам јажето и да ја удрам.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Додека јас и бате Николче во постелата се преправавме дека сркаме, бате Јоле се добрал до пушката на дедо Геро, и чепкајќи ја, го тргнал клепавчето и таа пукнала.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Кога ја доврши молитвата, уште по еднаш се прекрстивме и сите погледнавме во Петрета Даскалот да видиме прво како ќе го тргне јажето.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Јоше Ластагарков беше еден силен маж и ако не се пуштеле луѓето да го тргнат, можеби и ќе го отепал.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Но Беличот, кој што бргу ја оцени ситуацијата, гледајќи дека инаку не ќе можат да се истргаат од рацете на кондуктерот, што се беше спречил во тесниот коридор на вагонот, го тргна Мечето за ракав и рече мирно, и не трепкајќи.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Не рече Тодора дека очекува од попот да биде кодош и да го поткаже Петрета на светите отци во манастирот Свети Ѓоргија - Горг, па да ѝ го тргнат пред очи тој неранимајко што знае само деца да прави.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)