го (зам.) - трати (гл.)

Кај оди, што прави, што јаде, што пие, — тој си знае. Го трати и дедот Ѓуро.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ката го трати бегот и не стапна веќе во кулата, а и самиот тој не докондисуваше толку толку, гледајќи да го прибере некако Толета, од кого почна и да се плаши.' По година и половина Ката доби машко дете и го крстија Трајко на свекорот, а во третата година доби и друго, кое го крстија Велјан.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се почуди, се помисли, го тратна малото во пепелта и солта што ги спрема порано, го извалка и го завитка во една пелена приготвена од Доста.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)