го (зам.) - тепа (гл.)

- И затоа, магаре едно, заради тебе јас морам да црвенеам и да плаќам глоба - викна татко му и стана да го тепа.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Е, кој е револуционер, - рече Гоце - на сè треба да биде готов: ќе падне в затвор, ќе го тепаат, ќе го мачат...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- А, така ли? Ти уште знаеш и памет да солиш? - викна татко му, се спушти на него, го собори и почна да го тепа.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Ѓорче му ја затна устата со рацете и му шепна: -Шшшшштттт!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Доколку шизофреничарот е инкогнито, со неговото тело можете да ракувате и да манипулирате; можете да го милувате, галите, да го тепате; можете да му ставате инекции или сѐ што ви е волја, но „тој” е посматрач, неповредлив.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
- Зашто, тогаш кога замина учителот од селово, полјакот се нафрли врз Славча и сакаше да го тепа.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Да го тепа Султанот и неговите слуги, та да се требат, и аскерот, и заптиите, и мудури, кајмаками, валии и паши.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тој пак и видел однекаде, отрчал со секирата — по врат на еден два брава, и кутнал на место. Му се загнале овчарите да го тепаат ама тој јунак, му а навртил секирата, та и еден од овчарите кутнал наместо и еве ти беља на целото село.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Me разбра ли брат Толе? — го заврши Атанас своето убедување, трудејќи се колку што може и не може да му објасни на Толета каде е патот кон слободата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И продолжуваа да го тепаат, толку прирачнички систематично како тој да им беше доверен питомец во некоја полициска академија, а тие, тепачите, да се само воспитувачи во истата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но дали од што се удри при паѓањето, или се престраши да не почне сега и да го тепа, тики се развика божем тој го турнал и за час дворот се наполни со луѓе, а меѓу нив и двајца заптии, па нему не му остана ништо друго туку да избега.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сигурно сум се чувствувала како мајка кога го тепа своето дете кога е многу инаетливо, многу тврдолгаво.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
- Ти си го тепал Бата. Зошто? - Зошто го отру Наполеона.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Кога му се нафрлија луѓето да го тепаат, тој им рече дека тоа што го пече е зајак; луѓето не веруваа и почна да му ја претресуваат куќата; на таванот му ги најдоа сите кожинчиња од мачките што ги исклал и со кои ги имаше облепено дупките на куќата за да не му дува.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Мене ме чудат вашите беспредметни обвинувања, - забележа Паша Емиљевич, кој силно мирисаше на пенливите струи. 178 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Кому му го продаде столчето? - праша Остап со ѕвонлив шепот. Овде Паша Емиљевич, имајќи натприродни сетила, сфати дека сега ќе го тепаат, можеби дури и со нозе ќе го газат. - На прекупец, - одговори тој.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Он истрчал со стапо да го тепа в'кот, она се пикнала, му ја изела кашата, на воденичаро вечерата.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ај ој си и ти, чорбаџи, лекуј се со кромид и сол, кај што имаш модриње и чини доа оти те остаил жив овој чорбаџија.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Откоа собрал пишман аџијата сите бакшиши, се сторил аз'р за да одит во еден неделен ден на аџил'к.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Првио бил многу јак и многу побогат од другиот и беше го тепал многу лошо со нозе, беше го газил до газење, пред целото каве.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Со исти раце го тепаше, со исти раце го милуваше.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Си беше еден човек и си садеше грав, пиперки и босилек, сееше ’рж и јачмен, ораше, влачеше, едниот вол му бегаше од браздата, и волот го тепаше по муцка, му пушташе крв од муцката на волот, и после муцката му ја држеше в раце и го милуваше.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Седиме под еден камен над окопите и го тепаме времето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тогаш Здравко се насмеа и јас почнав да го тепам: по глава, преку очи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Зошто дозволи, море мажу, да го направат џигер Дука, му велам на Јона, како дозволи толку да го тепаат, му велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сега им кажува кого да го тепаат утре, вели. Ништо не му повратив.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Пак? - Што пак? со очи на желка погледнал Гавруш Пребонд во старешината на селото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Оној што го соблекол кога го тепал ќе знае каква дупка затнал со неговата мантија.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Дајте му да се облече, рекол Доце Срменков.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не сум го тепал и не сум го соблекувал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Веќе еднаш си го тепал и си му ја кубел брадата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И не гледај ме така.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А него зошто не го тепаш? покажуваше кон брата си. Стариот се веднеше. Така.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Колку пати го тепаа, колку долго траеја тепањата, не можеше да се сети.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Имаше периоди кога тепањето продолжуваше толку долго што му се чинеше дека најбездушното, најзлобното и најнепростливото не е тоа што стражарите продолжуваат да го тепаат, туку тоа што тој не може да се натера себеси да падне во бессознание.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таа дотогаш не беше забележала дека Крсте ја гледа, та дури чудо ѝ стана кога слушна дека овие му се фалат и сакаа дури да го тепаат заради неа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
По онаа кавга кога Толе и Јошко сакаа да го тепаат Крстета, таа наѕре нешто што никој не го наѕираше.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И Крсте, како и Неда, долго време не заспа и донесе решение утре уште на првиот час да ја погледа та ако сакаат сите деца со се даскал нека го видат и нека го тепаат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Рожденката се затаи да го слушне нивниот суд, судот на двете нејзини најдобри другачки. — Ќе го тепаат?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На Ристета јазикот беше му отекол, бидејки кога го тепала потерата, му ги скршила вилиците и си го пресекол јазикот, та не можеше да зборува.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не стануваа веќе рано и не гледаа на работата со таква волја како порано; добитокот не го војвеа, ниту се грижеа многу за него, туку, како тој да им беше виновен: го тепаа, го колеа, го јадеа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
– „За гревови, завали штрк, рекла Неда, што сте го тепале, доста му е самотијата што е вдовец како мене, па сте го тепале.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Го тепал редовно патот за Солун.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Патем сакал да утврди случајно патот да не го тепал бадијала.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Зарем попусто го тепав оној пат? Дури до Загреб!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Штом некој нема да си го плати данокот, тој ќе го фати и ќе го тепа се додека овој кутриот не му ветел неколку дена работа на неговиот имот.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Учителката сега започна построго со него, започна да го казнува, да го тепа.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Ти бегаш, а тој иде по тебе и те преколнува да го тепаш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— За да не го тепа некој друг, ќе вели, не сакам друг да го отепа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Оти, жено, го тепаш?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога го фатиле дедо ти, го тепале, го тепале и тој се онесвестил.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)