го (зам.) - тврди (гл.)

И уште нешто што ти секако не го знаеш, а што говори во прилог на ова што го тврдам јас, е еден извештај за движењето на трговијата преку Трст, објавен во “Цариградски весник“ од 30 септември 1859 година, во кој Никола Поцо се споменува како трговец кој извезол волна на закупен брод во некоја од земјите отаде споменатото големо пристаниште на најсеверниот дел од Јадранското Море.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но имајќи го во вид фактот дека тој починал цела половина век пред да ја завојуваат Турците Потковицата, а и она, со тефтерот Акиноски, дека неа ја поседувале Акиноските уште одамна пред да биде завојувана од страна на Турците, може да се претпостави дека Загориче било основано во првите векови по населувањето на Славјаните во границите на Византија, може во 10. или 11. век, односно многу порано од она што го тврди науката дека пелагонските населби и села настанале во 17. и 18. век, групирајќи се околу турските чифлизи.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На тоа упатува, покрај тефтерот Акиноски, и последниот пишан документ во кој населбата во Потковица за последен пат се споменува со старото име - Загориче.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Не, не, таа сепак правилно постапуваше.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дали навистина можам да застанам зад она што го тврдев?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Да... само забораваш дека потоа наиде и онаа Стојка, или Стојна.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ти го тврдеше тоа или само се поигруваше со своето знаење за да ме спасиш од гилотината и тоа со единствена цел да можеш сега вака да ме навредуваш?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Јас секако доаѓам во искушение да го тврдам истото но не сум сигурен дека јазикот што јас мислам дека го знам и јазикот што вие мислите дека го знаете е еднакво на сѐ она што треба да се знае за нашиот јазик.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Подготвен сум да се обложам дека многу од вас си велат себеси дека го познаваат сопствениот јазик.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Не сакаше да биде поинаков татко, тоа одговорно го тврдам.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
- Е мој несуден, ти си имал и дупло повеќе од тоа што го тврдиш.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тоа го тврдам, не само поради тоа што си личат еден на друг, зашто такви примери на луѓе што си личат еден на друг, има многу во светот (а и јас сум среќавал луѓе што личеле на мене и сум се штрекнувал при таа средба) - но овде е следниот аргумент: како млади се сакавме со мајка му на Методија Лечоски, дрварот, и имавме блиски односи.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Треба да се прави разлика помеѓу она што Теоремата го тврди од една страна и нејзиниот доказ од друга.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Само едно: дека треба да се наоѓаме на пристојна раздалеченост од објектот за да можеме да се залагаме за вистинитоста на она што го тврдиме!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Па сепак, (ова најодговорно го тврдам) ваквата моја снисходливост кон постариот брат нема придонесено за неговото неконтролирано однесување.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Тоа не го тврдам јас туку Светите книги.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
(Ова го тврдев иако тогаш сѐ уште ја немав сретнато Пеперутката, па кога беше во прашање љубовта навистина можев сешто да верувам а ништо да не знам).
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Веројатно бев изненаден, дури и потресен, но прекорот на невидливиот критизер не ми ја потсили загриженоста.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се сетив на нашиот разговор утринава и на она како се вчудовиди кога го прашав дали е сигурен во она што го тврди или станува збор за обична претпоставка? А стануваше збор за банална вистина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ова го тврдам бидејќи убаво слушнав како чкрипаат шарките пред да ме занесе оној трескот од кој и ѕидовите на воздухот потреперуваа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
В ред, ама јас не ти верувам. Тоа е срамно, нели?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Со ова што го рече сакаш да ме увериш дека не веруваш оти во Русија сè било толку црно како што тоа го тврдеше пропагандата!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И добро е да е така: кога во едно тело ќе се зберат две радости.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тоа ни го тврди и верата: мажачката била пред сѐ тоа: соединување на двајцата или на двете тела во едно.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тоа ти го тврдиш, му рекле, но не го тврдат книгиве.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ова го тврдам, бидејќи не видов.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)