го (зам.) - структурира (гл.)

Доблест на машката геј-култура е да ги бележи, а потоа и да им се опира на облиците на општественото раслојување што и понатаму го структурираат нашиов свет, но кои современите либерални општества редовно ги одрекуваат, а кои цел еден рој современи лицемерија и божемни чедности – вклучително и популарните, сентиментални видови на феминизмот – по правило се трудат да ги заташкаат. ‌Ако машката геј-култура нѐ учи (биле ние геј или не) да се смееме на ситуации што се ужасни или трагични, тоа е затоа што се стреми да одржи тензија меѓу егалитарната етика и хиерархиската естетика.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, неразумно е да се очекува машката геј-култура да го разглоби доминантниот општествен и симболички систем на кој таа му е само бистар и верен одраз.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во фазата на изместување таа продуцира еден поим што не е изразлив во рамките на таа опозиција, исто така И во текстот што оваа опозиција го структурира.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Како прво, забележете дека деконструкцијата е некаква операција што се применува на некој текст, или, поопшто, колекција од лингвистички ентитети (реченици, слики, итн.) структурирани според некоја бинарна опозиција.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Како втора опсервација, забележете дека тоталитетот од сите лингвистички ентитети, односно, самата текстуалност, е структурирана според една бинарна опозиција.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)