го (зам.) - стопли (гл.)

Ноќта го повикува денот еднаш, барем еднаш да дојде да и ја осветли душата, да го почувствува неговото сонце да и го стопли срцето да ги разбрка ѕвездите и месечината... да ја успокои, да и даде мир..
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
За врат мачка, влече маче, го задави, не го сака. - Лага било. Го сакала, го криела да го стопли.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Веле слушаше напрегнато. Тој сѐ се надеваше дека ќе чуе некој макар и најмал одглас, којшто ќе му го стопли срцето, но... вистината беше жестока.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Зарем не ќе најде друга жена што ќе го стопли со занесот на саможртвата, што не знае за прашања и барања?, - разочарано си велеше после секоја таква средба...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А во Мажјачиштето, Маркел „беше толку абнормален, што можеше срцето да си го стопли само на студенилото на трупот”.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Рози почувствува како виното ѝ изби на нејзините бледи образи. Ѝ го стопли и срцето, и покрај сето тоа, одвреме навреме низ телото ѝ минуваа бранови студенило - нејасен страв.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Таа музика што тој не сакајќи ја ископа од некои далечни сеќавања, сега сосема го стопли.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ако бидеш јануари Ако бидеш јануари, јас ќе бидам снегулка и ќе спијам на твоето рамо, додека не се стопам од убавината што ќе ти го стопли срцето, ќе се претворам во капка и ќе го насолзам твоето око, ќе се лизнам низ твоите подочници темни и ќе исчезнам.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ако го видеше легнат на постела, ќе му подадеше чај да го стопли грлото и душата што му свиреше и ќе му речеше: „Излези, бре Арилко, малку на воздух... Што седиш затворен!“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И мене очите не ми ослепеле, зашто ми требало виделото да го пронајдам, да го погребам, да го тажам - ама и за враќањето ми требало - да ги видам и мајка - свекрва и Ѕвезда моја, ѕвездулче мижуркаво - без таткова закрила - сираче, оф, леле, - офна стишено, па се сврте кон неа, ја гушна со милина, небаре чедо тогаш родено, со здивот да си го стопли.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Голиот џам го омекна со одвај проѕирна и жолтникава завеса, тврдиот војнички кревет го стопли со обновена слама во сламарникот и со црвеникава куверта како прекривка.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
На некоја, ете, устата ѝ станала блага, мека, чиниш ѝ тече мед, друга те изненадила со долг и светол поглед, мил, срцето да ти го стопли, чиниш над главата ти се отворило небото, виножито, те гали, о боже, трета пак срамежливо ведне глава кон земјата, се срамува, кротко, како јагне, гледаш ѝ се позашилиле градите.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Дома право во огниште го пикнале да го стоплат и штом му се ослободиле рацете и нозете, се пресоблекол и пак со кајакот драснал на лизгалиште.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
- Си го стоплила, во скутот, вели Доксим Тренчески и го ѕирка јајцето спроти сонце.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)