го (зам.) - стекне (гл.)

А ќе го стекнеме, продолжува Браун, ако изградиме општествена рамка за слободата на човечката игра во просторот, ако човековата активност стане игра што „постојано раѓа” (Јакоб Беме), игра веќе не со стаклени перли туку со космоси.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
На пример, постоеше „Чикашка школа“ на литературна критика, која го стекна респектот и вниманието на многу луѓе.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Со стишена гордост, но со задоволство бликнато низ искрена радост, долго зборуваше за она што можела да го стекне благодарејќи им на своите предци.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Или претпоставете дака јас сакам да го стекнам надвор тоа што е внатре во мене.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Потпрен на лактот на перницата во креветот, онака според навиката што телото го стекнало со време, ме утешуваше и ме смируваше темното и затвореното, ме штитеше, чувствувајќи ги сенките и облиците што се плетеа околу мене.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Исто така, ако работниот однос според ЗРО може да се откаже спогодбено или по волја на работодавачот и во такви случаи работникот стекнува статус на невработено лице и се води во Агенцијата за вработување на РМ, но доколку работниот однос е откажан по волја на работникот, тој не може да го стекне статусот на невработено лице, односно не може да се пријави во Агенцијата за вработување на РМ, се поставува прашањето која била целта на законодавецот од една страна да му даде право на работникот да може да го откаже договорот за вработување по негова волја, а од друга страна остварувањето на ова право да претставува 46 Закон за изменување и дополнување на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, Сл. весник на РМ, 88/2010. 47 Одлука на Уставен суд, У. бр. 173/2010 од 22.IV.2011. 54 пречка тој да стекне статус на невработено лице, односно да се пријави во АВРМ и во таков случај да ги остварува правата во случај на привремена невработеност, ако исполнува одредени услови. 2.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Евтим имал неколку одделенија и на грчки, ама јас освен нипја такши, нешто како пред прво одделение, го имам она што го стекнав од 1946 година наваму: две одделенија во Прилеп за една година и два класа прогимназија во една година во Гаково.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Имено, наместо најмалку пет лица, сега се бара заштитното друштво да вработува најмалку десет лица за да го стекне статусот и привилегиите на заштитно друштво (чл. 1, ЗИДЗВИЛ/јул.08).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Искуството кое го стекнавме е непроценливо, но, од друга страна, Маргина е многу далеку од фамозното “застанување на свои нозе”, и тоа е можеби она што на приказнава најмногу ѝ дава горчлив тон.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Човекот не може вечно да го поседува тоа што ќе го стекне за време на своето живеење, може да го ужива само тоа што ќе го потроши.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Три недели се служеа со room service и за тоа време таа престана да повраќа.После тоа возеа низ Невада уште некое време додека комбето пак не се расипа на другата страна на државата. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 163
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Далтон непрестано зборуваше за комплетот тапани и тврдеше дека тие всушност се негови, па ги продадоа во Рино и живееја на четирисеттиот кат во еден стар хотел со поглед на планините.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Понатаму мораа да кружат низ Калифонија кога стомакот веќе ѝ се познаваше и сѐ што им беше останало беа нивните црни кожени јакни и накитот од сребро и тиркиз којшто некако го стекнаа во Галуп или Флагстаф.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)