го (зам.) - срочи (гл.)

Кога Турците сопственици на чифлизи почнаа да си заминуваат од сета Пелагонија и од Потковицата и да се населуваат во градовите, тоа стана по бојот помеѓу орлите и штрковите кој во 1901-та започна на Алилово и се пренесе во Беговски Ловаѓе, односно тоа произлезе од страв од она опачно претсказание што го срочија христијаните по победата на штрковите над орлите, дека му е блиска пропаста на царството, жителите на Потковицата од своите бегови купуваа земја во близина на чифлизите или во дворните места на чифлизите и на новооткупената земја подигаа живеалишни куќи и се делеа на клонови.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но таа била длабоко опитна во нивните комплексни протоколи, дури и на таа кревка возраст.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Спотот на СЈ го фетишизира самиот камп и го втемелува сопствениот културен идентитет, или антиидентитет, така што се угледува на кампот барајќи автентичност, се повикува на него како автентична контракултурна естетска практика, со која потоа хипстерите можат да иронизираат и на тој начин да ја деавтентизираат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А ако машките геј- возачи пројавиле склоност кон фолксваген голф и кон форд проуб, како што се тврди, тоа е така затоа што – како што тоа еднаш го срочи еден мој особено надарен стрејт- студент, упатувајќи на една од оние популарни формулации во кои сексуалните и родовите норми на нашата култура си добиле најјадровит и најрезок, иако одбивен, израз – тоа е така затоа што, вели, тие автомобили се „коли за пички“.330* ‌Па, тогаш, што има да се прави таква мистерија од логиката на машката геј- култура?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа е самото нешто.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ова што штотуку го изнесов тука, се разбира, не е теорија за она што ја предизвикува машката хомосексуалност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Токму оваа девијантна ориентација на субјективитетот на инвертитот лекарите ја сметале за медицински проблематична – „чувството да се биде отуѓен, со сето свое битие, од сопствениот пол“, како што бележито го срочил тоа Вестфал во една белешка кон својот напис од 1869 година.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Токму во таа смисла самиот бродвејски мјузикл почнал да ги претставува, како што тоа го срочи Милер, „самотијата, срамот, таинственоста со кои најпрвин се интернализирала невозможноста на општествената интеграција“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Дилејни мислел дека ќерка му сѐ уште е невина во поглед на таквите конвенции – дека сѐ уште е табула раза, неиспишана плоча.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како што видовме, сосема е усогласено со страста, со болката и со верувањето.416 Иако навиката на хипстерството да цитира иронично – фетишизирајќи го автентичното и повраќајќи го со намиглива неавтентичност, како што тоа го срочил Лоренцен – сигурно личи на камп и иако спотот на СЈ се впушта во поткултурна практика што, може да се тврди, му е аналогна на кампот, всушност, меѓу едното и другото може да се разграничи јасна црта.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Или, како што тоа го срочи нашиот угледен високотиражен весник и неговиот музички критичар што излегол од плакарот, „тој е отворено геј-маж, кој веднаш признава дека брадичката му е кратка и несредена не за да се прави мачо, туку зашто само така може ‘колку-толку привидно да му се оцрта вилицата’ и зашто така ѝ е убав на неговата ‘втора половина’“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но она за што се работи, она на што упатува, не е ништо друго освен самиот тој, ништо освен неговата вредност во рамките на внатрешно доследен, формален систем на значење.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А протогеј-субјектите реагираат на настраното нудење на одредени одлики или состојки на тие главнотековни облици што комуницираат со чувството на тие деца за различност, со нивната желба за бегство и со нивната волја да замислуваат алтернативи, како што тоа го срочил Бери Адамс.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како што во 1987 година тоа го срочи Лео Берсани, „Пародијата во еротиката лади, а ова го знае секој геј-маж.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ладлам не поживеа доволно долго за да ги запознае и да ги презре хипстерите, но веќе се имал сретнато со нешто што го нарекол „хетеросексуален камп“, кој не го почитувал многу: „Нешто стварно ужасно е хетеросексуалниот камп, она некакво намигнување што ти вели ‘не мислам баш сериозно“.415 Наспроти тоа, пак, оној вид иронија што го дефинира машкиот геј-камп не искажува дистанцираност и одрекување.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Милдред Пирс е „женски филм“, а најмногубројните и најпредадените обожаватели на Џоан Крафорд се жени од работничката класа. („Отсекогаш била поголем хит за жените отколку за мажите“, забележува Дејвид Денби).329
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тој ни овозможува да ја наѕреме сексуалната политика што го електризира заштитниот кордон околу повластеното подрачје на трагедијата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Џон Бергер тоа го срочил во славна формула: „мажите постапуваат, а жените настапуваат“.286 ‌Мажите, се разбира, изведуваат во јавност и понекогаш може да изведуваат без услужливост кон жените и без да фрлаат сомнеж врз своите машки акредитиви.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Повеќето деца растат во хетеросексуални средини, каде што се запознаваат со стандардните жанрови на дискурсот, на чувствувањето, на изразувањето и на однесувањето – вклучително и со конвенциите на емоционалното изразување кои честопати се одразуваат и се репродуцираат во спонтаните пројави на чувствата на нивните родители.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Со други зборови, еден процес на социјализација во машките геј-културни практики може да започне во раната возраст, долго пред почетокот на активниот сексуален живот и пред почетокот на возрасното учествување во некоја геј-заедница, затоа што протогеј-субјектите уште на таа возраст започнуваат да создаваат или, можеби, само да изнаоѓаат нестандарден однос кон сексуализираните или обродените вредности што се врзуваат и со главнотековните жанрови на дискурс, на чувствување, однесување и лично изразување и со културните облици (мјузиклите, трагедиите, мелодрамите, историското конзерваторство, разните естетски практики и интереси) и нивните сврзани емоционални облици во индивидуалното однесување, кои ги отелотворуваат, распространуваат, рутинизираат, зајакнуваат и консолидираат тие жанрови.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Потоа, како што тоа го срочи Шулц, „се затркалале разгласните тркала.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Колку и да е тешко да се конкретизира значењето на стилот, тоа, сепак, не е сосема невозможно.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Естетиката и стилот традиционално се женска работа, исто како што политиката, стопанството и спортовите по правило се машки.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Под превезот на ‘иронијата’“, приговара, „хипстеризмот го фетишизира автентичното и го изблувува со намиглива неавтентичност“.414 На Лоренцен му претходеше настраниот драмски писател Чарлс Ладлам, основач и директор на Урнебесната театарска дружина во Њујорк.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Непријателот не бил само во ходниците на моќта, туку ни бил и внатре во душите („Хитлер во моето срце“, како што тоа години подоцна го срочи Ентони Хегарти, пејачот на групата Ентони енд д Џонсонс).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Најмила мамичке е особено јасен и поучителен приказ на односите меѓу родот и жанрот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Според тој закон, според таа структура на значење, правењето е обродено како машко, а изведувањето е обродено како женско.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Навистина, тие протоколи се толку „седиментирани“, како што тоа го срочил Дилејни, „што само една реторичка варијација, во 1977 година, не помина како нова и добредојдена варијанта, туку, попрво, како грешка што му е очигледна и на едно тригодишно дете“.371 Жанрот им ги обликува сензибилитетите на младите уште од првите средби со другите, од првобитното искуство во друштвеноста, па така им ги обликува субјективитетите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Што има да се изнапише цела книга за да дојде, полека-полека и макотрпно, до простиот и фрапантно очигледен заклучок што требало да се види уште на почетокот?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Децата може да бидат во некоја ограничена мера изложени на високоразвиените културни облици што содржат и што одржуваат жанрови на дискурс и на изразување – а дури и да се изложени уште од рана возраст на, да речеме, мјузикли или на мелодрами, можеби нема многу да извлечат од нив – но тие се длабоко изложени на стиловите на лично изразување што тие форми ги дефинираат, бидејќи таквите стилови на изразување го обликуваат секојдневниот емоционален живот и ги конструираат разните прагматични начини на кои старателите на децата зборуваат, се изразуваат и се поврзуваат со децата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто свеченото сликање на емоционалното и на физичкото насилство во Најмила мамичке е сјаен пример за неуспешна сериозност – токму својството што Сузан Зонтаг со право го утврдила како определителна особеност на кампот.300 Но, зошто потфрла обидот на филмот да претстави ситуација што истовремено е и трагична и ужасна или не успева да ги исполни условите за вистинска сериозност, па станува смешен? ‌Многубројни се причините што би можеле да ги наведете: дводимензионалнитe, кабукистички изградени ликови; преглумувањето; растегнатите сцени со невидена емоционална претераност; ревноста и високопарноста на приказната – „грамадните громки пресврти“, како што тоа добро го срочил еден од нашите коментатори на Амазон, поради кои „се истиснале суптилноста и чувствителноста“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ете зошто, како што вели Д. А. Милер, „стилот“ е „глетка“ за која „е тешко да се зборува... која дури и тешко се гледа“.381 Или, како што тоа го срочил Оскар Вајлд, „Вистинската мистерија на светот е видливото“.382 Средишниот дел на книгава му се посвети на гледањето, на разбирањето и на зборувањето за значењето на мелодрамата како геј-стил – и на зборувањето за него во негови сопствени поими како нешто своевидно.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Така е и бидејќи машката изведба се коси со едно темелно начело што со векови ја раководело обродената поделба на прикажувачката работа во западната култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)