го (зам.) - срка (гл.)

Воздухот на луѓето им изгледаше густ, им се чинеше дека можат да го зафатат со грст, да го сркаат; шмркаа со носовите, душкаа како дивина.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ја подбра и Митра додека оваа со очите во саанот го сркаше гравот што самата го имаше сварено, Ти, мори мајко, адно дете не мојш да пулиш, ми шо ки прајме ко ки са испиле друго, мислиш ду не знм кога ки гу чекам Доне пусти? Ми и на мен ми пумина младоста!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Озгора идат команди, а ние уште го сркаме бакрданикот. Со маштеница го сркаме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Денес ќе ги гониме пастрмките! - рече Денко додека го сркаше топлото млеко.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се упати кон него. Му го чу дишењето шумно, како да го срка воздухот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Го срка кафето со израз на задоволство – од тивките милувки на сонцето по тилот и топлата црна течност низ грлото.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Во сенката на дебелите yидови низ кои шпартаат специјални видови на гуштери - чии паѓање во нечија коса предизвикува едвај видливо бранување од извик, страв, паника среде таа речиси пустинска неподвижност (оттаму, од таа статичност, можеби потекнува и „сценската“ форма на овој скеч?!) - господинот Иљаз, првиот попладневен посетител во чајџилницата САМО ТИ ЈА, зависнички (истовремено страсно и одмерено!) го срка првиот од низата чаеви што следуваат.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Го сркаме кафето, сѐ уште врело, набрзина: Во ред.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)