го (зам.) - срамни (гл.)

Муабетите за промената на стариот ред беа допреле до него и претходно. Крајот на Слободните Пасишта се наближуваше.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Откако ги изгубиле луѓето, Градиште со земјата го срамниле и го запалиле и на западниот лак на Потковицата, на Коритница, подигнале друга, своја населба.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Змејот удри, го собори и го срамни со земјата.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ако не го направиш тоа до тогаш, ќе пратам шест луѓе заедно со Винчестерови за да го срамнат со земја целиот плац.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)