го (зам.) - спушти (гл.)

Зашто, како што увидов миг подоцна, колку и да е понижувачка позицијата на тој што го спушти своето чисто колено во калта, работата само навидум е на штета на понизниот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Го спуштија во гробот на татко му. Под сливата што тој ја насади за Митре.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ниту ќе го крене погледот кога јас ќе дојдам и ќе ме праша - дека си чупе... што ќе кажеш... Дома, арни сте сите...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Победна покорност што го тера да го спушти мрачниот поглед, дека тој се плаши за своите очи, печален свирач, еден браток, еден синок, на самовилско оро.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Му се чинеше ќе се распадне куќата ако чукне посилно; полека го спушти железото на потемнетото месингано лежиште.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Исправен пред нивниот шатор, Грдан се мислеше дали да го спушти крилото за да не ѝ влегува сонцето на Горде внатре, па знаејќи каква спанка е, го затвори шаторот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
А гостилничарот идеше со земјено тавче в раце, што го спушти сред маса како колач на среде.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но откако го заковаа капакот а пред да го спуштат мртовечкиот сандак во гробната дупка, Гого не издржа, некоја грутка му се откорна од утробата до грлото, со тупаница удри по капакот на ковчегот како да побара да му отворат, проговори во молкот: „Е бре, Нако, јунаку!
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
За миг се погледнаа како накострешени петел и кокошка на исто буниште, па Горда го спушти чадорот и почна да се превива од смеа, а по неа и Грдан.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Десетина дена се бореа во болницатаза да му го спуштат нивото на шеќерот во крвта.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Бојан го спушти потоа покрај овцата и застана настрана да види дали јагнето ќе може само да цица.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Затоа таа, своите несигурни чекори ги правеше кревајќи ја ногата за да го спушти стапалото од што повисоко и со стапот при секое поместување го избаруваше местото. Го правеше тоа по навика.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Таа го спушти погледот на чорапата и продолжи да плете.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А кога забележа малку подоцна дека јас очекувам да продолжи со објаснувањата, речиси насмевната додаде: "Не биди како жеништана што одвај чекаат да им паднат во увото и зборовите што одамна наумиле да ги слушнат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Ав, ав, - пак рече Роско. - ... Како бивол без рогови?
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
- А јас бев во Африка, - реков и го помилував кучето што старецот го спушти пред мене.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Старецот замавна и со страшен крик на бледите усни го спушти стапот преку грбот на Кузмана.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Крвникот се искрива, го здипли шамивчето и го стави во џеб; потоа го спушти долгиот, непријатно бел прст врз копчето од електричното ѕвонче, се потпре на него со целата рака.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Така и беше: дојде како никаде да не бил, како од никаде да доаѓа; така влезе кај мене дома, дури и без да чукне; го спушти куферот, ме прегрна и потем јас долго плачев во неговата прегратка, а тој ме тешеше и ми ги бришеше солзите; велеше: „Ништо, ништо не е тоа; само минале годините; ништо страшно не е тоа“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тогаш Милан успеа да стане. Чувствувајќи се доста слаб за да може да го носи мачорот, нежно го спушти долу, стенкајќи кога го направи тоа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Мачорот пак го спушти глушецот на земја и ја зазеде истата клекната позиција како да сакаше да ја продолжи играта на ослободување и заробување, играта на надеж и очај, и тогаш Рози стана од своето седиште и направи неколку чекори кон мачорот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Таа фрли поглед кон него и веднаш си го спушти погледот кон својата половина.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И така се искачи и замавна со токмакот и со голема силина го спушти врз најгорниот блок. Блокот се преврте.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Јажето го врза за едно дебело дрво, другиот крај го спушти во отворот на јамата.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Човекот го спушти куферчето и во тој миг во неговите очи забележав искра на изненадување.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Потоа она што остана од парчето го спушти на скутот, покрај сронетиот дел, и долго гледаше во тие остатоци од лебот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога ја поткрена главата, рече: „Погледни како лета она дете.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Ова?,“ праша Ана и подигна една книга, приближувајќи ја до очите на Зигмунд.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ана ми го подаде доминото, и јас го спуштив во кутијата покрај мене, во која на голем куп беа ставени книги, сувенири, дребулии кои требаше да бидат фрлени.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но во последната година г.Станчев, кажуваат, се спуштил толку долу, така ниско го спуштил бугарскиот престиж во Петроград како што не ќе можеше да направи и најголемиот непријател на бугарските интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кога го спуштил крај нозе нарамникот од кој го болеле плешките, Арсо Арнаутче се обидел да ја зграпчи за рака и да ја задржи за уште еден поглед од чија светлост слатко се ошумоглавува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го спуштил стеблото крај легнатото тркало на двоколката, прашал кој ќе му помогне.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И пак, сега тој а не Куно Бунгур, извлекол од нејзините заби блесок што ветува возбуди и слатки морници со кои незабележано може да се влезе и во гроб на кој само од себе никнува јоргованче со лилави крилца, под него заљубените да воздивнуваат под ѕвездите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
По недовршената врвица по која лете се движеле помеѓу капини и камења нечии овци кон пасишта или поило, се враќал со младо стебло на рамо и со секира в рака стопанот на скршената кола, здрав и мускулест човек, селскиот качар Никифор Ганевски, инаку домазет во Кукулино, со муцка која, колку и да се гледа, не останува во сеќавање ни половина ден.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Еднаш тој сепак го спушти јаренцето и се оддели себеси од него и со вратата од пиланата, што ја затвори добро зад себе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Израснуваа над него, во сета своја височина, четворица луѓе, од сите негови четири страни, а после се наведнуваа и го спуштија врз тврдината на смрзнатиот снег.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Малото полека го спуштив во водата и тоа преташе весело, а таа, со клатење налево - надесно, се преврте на грб и со едната нога го јавна овој нејзиниот, па се исплашив дека ќе му напукне бутна коска и им го подадов Барбариче... и, кога првата капка ја допре, таа веднаш го прострела со поглед и навежбаниот се исправи, го грабна детето и го свитка во бањарка.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Та нели расчистивме Серафиме со религијата. Господ го спуштивме на земја и го крстивме со друго име. Та нели се заколнавме на петокраката.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Го зедоа луѓето јажето и го спуштија ковчегот во гробот, фрлија со рацете по трипати земја врз него која притропа на капакот како јадар дожд.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И кога требаше да го спуштат во гробницата, тој врисна во сонот со сета сила, како никогаш дотогаш во животот, и се разбуди од кошмарот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сакав да го спомнам Шефот, но се откажав кога забележав дека по лицето на Ема ѝ прошета и брзо ѝ згасна желбата за насмевка и во истиот миг таа ги собра веѓите и го спушти погледот кој дотогаш упорно ме опсипуваше обидувајќи се да го разбие мојот молк.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тој го спушти гласот, како човек кој мора од здравствени причини да изговори непристојност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Го свитка во ролна купчето хартија што го заврши и го спушти во пневматската цевка. Поминаа осум минути.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Внимателно го спушти врз чоената покривка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Винстон без размислување плати четири долари и го спушти посакуваниот предмет во џебот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Додека минуваше низ вратата на клозетот, тој го спушти во џебот и го испипка со врвовите од прстите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Семејниот гроб пак, во кој биле закопани мајка му и татко му, беше под вода. Го спуштивме сандакот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Наде го спушти погледот и се зацрвени.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ки ти најме исцедно место, ним с склдисувај! и внимателно го спушти длабоко издишувајќи потресен од тврдиот поглед на старецот што чиниш токму него го прекорува за нешто.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Хичкок: „Во тоа време компанијата British International Pictures веќе на големо го спушти дурбинот и одлучи да произведува она што ние го нарекуваме „Филмови за квота” (Кината во Британија по 1927-та мораа да прикажуваат минимум 50% домашни филмови, а компаниите да произведат минимум 50 домашни филмови). œœ Виенски валцер (Waltzes from Vienna), 1933 г.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Лелекаше силно, и го бацуваше татка си во ковчегот и не им го даваше на луѓето да го спуштат во гробот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Потоа го спушти пак окото на клучалката и кога виде дека Бонети се повлекува, почна да вика: Отвори! и да тропа со тупаници на вратата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Диференцијалот сам на себеси си го спуштил врз нозете.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Германија не сака ниту барем заедно да го спуштат на земја.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Србин погледна да не види некој и брзо го спушти на дното на дупката, го покри со земја и брзо- брзо ја запрета дупката.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Кога го видоа Србина како се обѕира, се издолжија во лицата и не видоа кога Шишман го спуштил камчето.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Не беше задоволен. Го извади камчето од кутијата, ја испразни матарката и го спушти камчето во матарката.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Го спушти капакот и дојде на масата. Го стави пред себе. Го отвори и рече: - Значи од Брезница.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Сигурен дека дошло време пала да прави, се фати за матарката, го спушти внатре камчето што за цело време го стискаше меѓу палецот, затропа, затропа и на матарката си ѝ рече: - Не сме биле без среќа. Богами.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Притоа не го затворија прозорецот и не го спуштија пердето.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Секој од нас поседува внатрешна енергија или, ако сакаш, сила.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Наспроти тенките мустачиња, густите веѓи над подгрбавениот нос изгледаа уште погусти: С`к ќе ти кажу нешто – и опколен со големо количество чад, го спушти гласот до доверлив шепот: Ја сам од Скопје, Хорацио Цвикало, артист. ***
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
„Разговаравме со него надолго и нашироко“, објаснува Иван Степанович а со оние свои црнки, поситни и од најмалите бубалки, лази по собата, бара стол на кој ќе го спушти малото тркалезно тело.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Така си реков и го спуштив пердето. Зошто да жалам?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„А настапија денови кога има за што да се разговара, нели?“ го прашува тој по сè изгледа татко ти и уште се двоуми каде да седне, на миндерлакот или на столот од онаа страна на масата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Лицето на тетка ми како да го огреа сонце, но поради тоа што беше скромна, само го спушти долу погледот и ги крена рамениците.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кога мајка ми го спушти телефонот триумфално ме погледна, со погледот велејќи ми „ти реков?“
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тоалетот беше голем колку една соба, а во кадата тетин ми комотно можеше да си постели и да си легне од што беше широка и длабока.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Навистина, куќата на мојата друга тетка не беше така репрезентативна, голема и блескава како куќата на тетка Олга, но барем се влегуваше преку влезната врата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Во мигот кога го спушти на земја, ги виде неговите ококорени очи исполнети со ужас и болка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Фимка го спушти на земја ранетиот, седна до него и со крајче од црната шамија полека, со одмерени движења, како аргатка на жетва, ја брише потта од лицето и челото.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Старичката, наведнувајќи се, го спушти на земја веленцето, избриша пот од лице и стои.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Таму пак се поклони, го спушти крстот на масата во олтарот, трипати се прекрсти, се повлече и сè така назадечки одејќи излезе на вратничето од десната страна.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Дедо послушно го спушти ракавот и почна да си реди пасијанс со картите.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Дури потоа попот го отпеа мртовецот, повеќе со шепот отколку со зборови, и откога тоа заврши, го спуштија сандакот во дупката, ја нафрлаа земјата, ставија крст, и на крстот напишаното име - Петре, син на Бајко.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Шестемина селани од Ајдинци мирно го спуштија ковчегот на земја, а шестмина гавази веднаш го позедоа и го однесоа во џамијата на ибн Тајко, каде што одново, само според други обичаи, требаше да се подготви телото за вонземскиот живот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)