го (зам.) - спржи (гл.)

Кога си отиде Германецот и пак дојде Гркот, тогаш Ристо мој одрами пушка.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Стопанот мој со едната го фати за појас, со другата за краватата, го подигна, и го ничкоса во снегот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Сертиот тутун му го спржи јазикот, му го запече грлото.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Поцрнат од бој и за срамотилаци вопнат. Му дале рицинус да пие.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Да пиеш велгошка черешновица - тоа е како да си клаваш нож со три острици од грлото преку хранопроводот до желудникот; ако не земеш залче, ќе ти го спржи желудникот во кормушка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сепак, не забораваме дека во оваа опчинувачка, загадочна формула на опстанокот, луѓето-змии не ја поседуваат само моќта да се преобразат од еден во друг прекрасен облик на животот, туку и чудесната дарба да се вратат од конечната бездна откаде што повратокот нема за оние чиј единствен лик е човечкиот, дури и за чудотворците како веќе спомнатиот Асклепиј, кого гневниот Зевсов гром го спржи токму затоа што се осмелил да воскреснува.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)