го (зам.) - споредува (гл.)

Мајките го споредуваа со Бога, ние со Сталина, се разбира скришум, мислејќи дека по неговото исчезнување од сликите со Тито, ќе мораме да си имаме друг Сталин.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Некако, како од длабина, се слушаа извици на демонстранти кои бараа да се прекине војната во Виетнам, извикуваа против амерканскиот империјализам, против Никсон кого го споредуваа со Хитлера и го наречуваа убиец на светот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Овој будимски крај, луѓето го споредуваат со парискиот Монмартр, крај на боемите и крај на поетите и уметниците.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Што ќе го споредувам! - Огромна разлика, не!
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во меѓувреме го третираат како можеби најважниот автор на втората половина на 20. век, го споредуваат со Joyce и Genet.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
“Ne BOISiа” е игра со зборови која го споредува името на германскиот сликар Бојс кое на Руски се изговара Boïs и заповедниот начин на глаголот boïatsiа што значи “да се биде уплашен”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кракатау: Господинот вели дека е некаков герилец, некаква нелегалност во однос на легалноста, и тоа го споредува со состојбата во нашата земја.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Токму тогаш и се појавија делата на Жорж Кисевалтер и на Жорж Пузенков, “Ne BOISia” (“Не се плаши”) .
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Малку по малку, разбирањето на неговото дело ја поприми формата на лингвистичко разбирање.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Е па, да одлетаме од оваа тажна, зачадена котлина, еднаш засекогаш, мој мил сопатнику, Кракатау? Да одлетаме, пријателе, да одлетаме. литературна адаптација: П. Вулкански okno.mk | Margina #11-12 [1994] 145 Worhol Andy 146 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кракатау: Вие, господине, мекокутроглав, не се ни претставивте, упаднавте овде туку-така... (пренегамањето продолжува)
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Некои психоделичното сликарство го споредуваат дури и со творештвото на Кле, Блејк, Бројгел и Хиеронимус Бош, уметници кој поседувале таканаречен психоделичен сензибилитет, црпејќи ги своите инспирации и содржини од истите предели на несвесното, но без употреба на дрога, што значи дека до креативното несвесно може да се допре и по други, помалку опасни патишта. 154 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тогаш, меѓутоа, јас не знаев да ја читам азбуката на телото, иако во некои нејасни претстави нејзиното тело го споредував со вжарен запис од некое непознато писмо.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Латиноамериканските писатели како што се Гарсија Маркес, Карлос Фуентас, Ернесто Сабато, Варгас Qоса и други, го признаа својот долг кон Борхес по повод прашањето на јазикот, каков што шпанската литература немала пред него.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
А Патриша Меривејл, која го споредуваше Борхесовото дело со она на Набоков, завршува со следната дистинкција: “Додека Набоков обично ги пушта своите актери ‘да испарат’ и нѐ враќа во стварниот свет, Борхес ја доведува својата приказна докрај и постојано нѐ потсетува дека обајцата, и писателот и читателот, се ‘творба од која се направени соништата’.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Интерактивниот видеогаме, на пример, на посетителот му го доверува управувањето со црнечката побуна во Лос Ангелес во 1992 година и му овозможува неговиот избор да го споредува со вистинскиот тек на тогашните случувања и со мислењата на другите посетители. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 113 Јадрото на изложбениот проект е Куќата на холокаустот, што се протега во повеќе сали и со степенувањето на драматичната напнатост ги буди најлошите прогони со коишто се зафатило човештвото во својата историја.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Заклучокот е неизбежен: Борхес е волшебник на зборови и мајстор на итрини. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 217
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во музејот во Лос Ангелес не е употребен импозантниот документарен и меморијален пристап што го одликува Музејот на холокаустот во Вашингтон.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Таков е и ставот на Апдајк: „Колку и иронично и богохулно да изгледа Борхесовата скриена порака“, вели тој, „составот и методата на неговите остварувања, иако никако не можат да се доловат со имитирање, одговараат на длабоката потреба во современата проза - потребата да се признае итрината.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Повеќе отколку да информира во склад со историските критериуми, неговата намера е психички да ги привлече посетителите и од гледањето да направи прилика за соочување и освестување, ако не на сопствениот расизам, тогаш скоро сигурно за рамнодушноста кон драмата на другиот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Го пребарува неговото име во компјутерот, го споредува матичниот број, ми бара државјанство, ама јас сум мајчина, спремно на „готовс“, наредено секое ливче, документче, воена книшка, извод од книга на родени од пред 100 години, како и изводи на сѐ живо од прва линија на рода, крвна и некрвна.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Не го правдаа, го споредуваа и имаа едно заедничко име - Омраза .
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Илона кај нас на најубав можен начин си ја одработи работата.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тој свет таа не сакаше да го споредува со ниту еден од световите во кои живела пред тоа и токму затоа неговата посебност, во таквото поимање, добиваше во значење.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Овде посреќно го доживуваше и своето враќање од Цариград, зашто градот ги имаше задржано и обележјата на исламската култура па го нарекуваа, на времето, капија на Ориентот, а го споредуваа и со најубавите европски градови.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Учителот го врти листот и од едната и од другата страна, го споредува ракописот и пак врти со главата луто: - Зошто лажеш?
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Дерида го споредува терминот со нешто како што е медијот, дејство што не е ниту пасивно ниту активно, ниту временско ниту просторно, залог за сите намери загубени во западниот метафизички дискурс.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ми ги поземаат личните исправи во рацете, излижани од премногу миење, ми го споредуваат личниот опис.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)