го (зам.) - споменува (гл.)

Таа последна територија е мошне слична на концептот на Арто (Artaud) за „тело без органи“, тело на чиста при­сутност коешто судбински го означи и животот на Арто и неговата теорија на театарот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Интересно е, имено, што теоријата на театарот влијае и врз технолошките уметници и теоретичари кои често го споменуваат Арто како „оној што уште пред педесет години ги слушна обдукциските гласови на Интернет“ (информации за проектот Artaud на Rhizom net).
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Кога сме кај Турската Империја, уште една НОВИНА, моите предци како православни, си спомнуват за центарот на православието Константинопол, чии Патријарх бил Константин. Го споменуват по падот на Константинопол во 1453 година.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
- Остави го, те молам... немој да ми го споменуваш, - рече Гоце.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Проштевај што го споменувам одново името на овој човек, знам дека не сакаш да слушнеш за него, но досега не можев да најдам ништо друго напишано за крајот на животот на Никола.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Неопходно му е да го споменува она „добри намери“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Многупати повторуваше дека тоа добродетелство било безмалку во крвта на неговото семејство и, притоа, го споменуваше неговиот предок Никола Поцо.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И сите, како куриозитет, го споменуваат угостителот Стјепан од Сплит.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Кога ти го споменуваат нејзиното име палиш свеќа. Кога не мислиш на неа воопшто не размислуваш.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Го споменува Митрета. - Болен е. Не можеше ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Во истиот пожар, во истиот потрес трепери генеалогијата растурена низ сите структури и сите подлоги за коишто зборував: Западот и историјата на филозофијата, она што ја врзува со неколку непомирливи (што и да речете) монотеистички струи, од една страна, со природните јазици и националните чувства, со идејата за демократија и со онаа технолошко-политичката, од друга страна, со бескрајното напредување на идеите на меѓународното право, најпосле, чиишто граници се укажуваат појасно од било кога - и тоа не само поради тоа што оние кои го претставуваат и го подржуваат тоа напредување секогаш ги застапуваат интересите на одредени хегемонии и затоа единствено можат непримерено во бескрај да му се доближуваат, туку и затоа што тоа се темели (а тоа и го ограничува) врз сознанијата на европскиот филозофски модернитет (нација, држава, демократија, односи меѓу парламентарните демократии на разни држави итн.) - да не го споменувам она што одвнатре ги поврзува науката, технологијата и војската со тие сомнителни содржини.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
А таа вистина е работа на љубовта и полицијата, на уживањето и законот -во ист момент. 34 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Таа мисла можеби го преобразува просторот и преку апории ја расветлува потврдата (не позитивна) која им предстои на секоја критика и на секој негативитет.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Дури и ако името на другиот не се споменува, тоа е присут­но, грголи и не го фаќа место, вреска понекогаш за да се наметне.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Што „заложуваме“ од самите себе додека пишуваме? 4 Токму го споменував „залогот“ или „заложувањето“ на себе во некоја чудна автобиографија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Не прашувајте ме, на споредниов пат од сите тие споредни патишта, зошто Хајдегер, кој целиот живот го читаше Екхарт и го сметаше за учител, никаде не го споменува ниту обрезувањето ниту Мајмонид - тоа е друго прашање.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ѓурчин имал некој пријател поп, (можеби тоа бил поп Пулиз од кого Ѓурчин откупувал к`шли (пасишта) и кого што го споменува во својата автобиографија, кој живеел во Солунското Поле и имал убава ќерка.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Водичите - конзерватори, кога А.А. го споменува името на водачот, се готови да нè поттикнат на аплауз, но ние рамнодушно продолжуваме да слушаме.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Повеќе речиси и никој не го споменуваше.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Имаше во тој нејзин гест, во таа забрана да читам љубовни песни, нејзе посветени (а сепак анонимни, оти во ниедна песна што ѝ ја испратив јас не ѝ го споменував името, и таа добро го знаеше тоа), имаше велам, нешто нечовечко, нешто политичко, оти не можеш никому, со никакви, освен со средства на моќ да му забраниш да ти дава!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Враќање на надежта Еразмо, обземен од чудните зборови на старецот, престана да го споменува бикот Чако.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Се чини дека Дерида сака да објасни дека Теут ја одразува приказната за Тот, и дека неговото присуство кај Платон влегува во рамката на одредена структура на западната мисла, онаа според која пишувањето е осудено како лажно и изведено, наспроти гласот, за којшто се мислело дека претставува извор, пренесувач на вистината и носител на „присуството“.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Наводот од „Паскаловата сфера“ упатува на митското потекло на пишува­ њето, на основањето на Александриската библиотека.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Третото поглавје од првиот дел на “Фармација”, делот кому му претходат трите епиграфи, зборува за присутноста на египетскиот мит за Тот, когошто го споменува ликот на гласникот Теут, во Платоновиот Федар.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Додека сите три наводи го споменуваат Тот, и сите три, во извесна смисла, однапред укажуваат на логиката на надоместување, нивниот след ја отелотворува самата таа логика.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Само за миг, но доволно за тоа цел живот потоа да го споменува тој страв во своите молитви и да бара прошка за него.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
IV. Движењето со кое секогаш си ги триеше зглобовите уморни од пишување го потсети на татко му, шаторџијата кого Петар го споменуваше со толку презир.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Бујрум, ага, на зијавет. Ќе те послужиме како свој човек, алах те благословил.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но овој ѓавол како да сакаше да се ослободи од сѐ што е темно на него и во него, како да сакаше да ги совлада сите идни искушенија со нова, никогаш порано недоживеана чистота на душата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сепак, кога го споменуваше името на господа, повеќе како да се надеваше дека ќе му биде подарено спокојство отколку што се кае за некаков свој грев.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Кога шејтанот го споменува името на мојот алах, ќе се тркалаат глави. Прашав за Сафет-бег. Го познавате ли?“ Молчевме.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Веќе никој не го споменува катранот и лукот, варта и тревјето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не ме остава, не ме пушта: родниот крај ме уми, мислам, а јас си го споменувам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Речиси со месеци воопшто не го споменуваше името на Ѓорѓе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Дотогаш, во разговорите со мене Круме одбегнуваше да го споменува името на Ниротакис.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Зошто го споменуваш него?, вели тој. Досега двапати му го спомна името.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И се заредија сводници и од најдобрите домаќини од цело Мариово. – He го жениме до дваесетте години – им одговараше Трајко на сите сводници и со тага на душата си го споменуваше помалото сине Ангелета, кое живо е закопано.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Баба Петра не се помрднуваше од дворот и од куќата, ги вртеше внучињата околу себе како квачка пилињата и не го споменуваше дедо Костадина.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Не требаше да и го споменува отец Симеона.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Тој и тоа го споменуваше”, рече Минк А што е тоа при-ем-чив?“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Така ќе ме караат дека го споменувам господ.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Однесувањето на бугарските окупаторски трупи може да се оцени како релативно коректно.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Уште од времето на одржувањето на состанокот во Јајце, партизанските пропагандисти постојано го споменуваат единството со Бугарија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Сакав да му објаснам дека Бреза е тажна што нема кој да ѝ носи чоколади, а мајка ми постојано го споменува во разговорите со татко ми и криѓум од нас плаче.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Понекогаш го споменува Волкојанецот кој, и покрај тоа што знаеше дека е врзана за креветот, имаше храброст да ја побара за жена.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Го паметиш? – праша. - Дали го паметам! – се зачудив во себе, а изговорив: - Ајде мамо, те молам, раскажувај ми уште нешто за него, ако не ми го споменуваш почесто, ќе го заборавам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мислам зборот самоубиство често го споменував.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)