го (зам.) - спознава (гл.)

Повеќето сè уште мислат во категориите на напредокот и на просветителството: луѓето сè уште го доживуваат, го спознаваат и го вреднуваат светот како некоја низа на причини и последици, којашто се трудат да ја прекинат, за да се ослободат од нужноста.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Препознатливоста и лесната идентификација на поетовиот пев е дополнително сведоштво дека Анте Поповски прецизно ја кодирал својата поетска шифра во сопствениот јазик, па сега и кога пее со одглас на веќе испеаното, но и кога пее со залог во новото и (можеби) претстојното, читателот мигновено го спознава неговиот отворен, оригинален, јасен и засекогаш втемелен поетски идентитет.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)