го (зам.) - споделува (гл.)

Кога посочува на традиционалното претпочитање на суштинското и централното наспроти акциденталното и маргиналното тој идентификува и преиспитува некои од најстарите, најопшти и најдлабоко вкоренети убедувања на нашата култура.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Дали таа содржи какво и да е експериментално расудување за фактичките прашања и постоењето? Не.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Фрлете ја тогаш во огон”.18 Дерида исто така се чини дека го споделува модернистичкиот антипредрасудски етос.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Единствените докази се внатре во мојот ум и не знам со сигурност дали и некое друго човечко суштество го споделува тоа мое сеќавање.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Можеби некои од вас го прифаќаат ова гледиште и јас можам само да се надевам дека вашите очекувања се исполнети или ќе се исполнат.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Како и да е, јас не го споделувам тоа гледиште.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Но, јас знам еден човек кој и во такви мигови, својата мисла, својот израз на лицето не го споделува со другите.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
За среќа, Пелагија и Танаско од рамната земја донесоа и доволно храна, особено пченка и леено свинско. Тоа дури го споделуваа со оние околу себе.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И таа како да ми даваше свои инструкции како да постапувам со палестинското прашање.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
За волја на вистината надворешната политика на времето во семејството беше исклучиво татков ресор, за да го споделува подоцна со постарите синови.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А тој таа можност ја нема. уште како малечок се сврза со црниот живот на мајка си и заедно со неа подеднакво го почувствувал и го споделувал навредливиот бич на сѐ она нечовечко и зајадливо спрема нив.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Тој се спријателува со таткото на нараторот , интелектуалец со кој во тешките времиња го споделува козјото братство во интерес на козарите и козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Професорот Седларски понатаму објасни дека ќе се обидел да пренесе одредени поединости забележани во записите на спомнатиот монах иако го споделува ценетото мислење на некои свои колеги дека дури и со поместувањето на обичниот мртов предмет од едно во друго време или од еден во друг простор може да дојде и до промена во толкувањето на веќе презентираните вредности не само за спомнатиот предмет туку и за времето на неговото настанување, за изгледот па и за настанатите промени во неговите особини.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Што сè не сторивме таа да појде кај некој од нас, да го споделува животот што ѝ преостануваше со некое од нашите семејства.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но откако Мајка остана сама во Татковата библиотека, без да може да го споделува верувањето, таа ги очекуваше овие ретки миго­ви, со нас, децата, да ги коментира своите верски сознанија, верувајќи дека, и овој пат, е на својот вечен браник за да ги спасува нашите животи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка го споделуваше Татковиот култ кон книгите уште кога се омажи за него, ама сега некој за прв пат ѝ подаруваше книга, и тоа необична книга која ќе ѝ припаѓа само нејзе.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)