го (зам.) - сподели (гл.)

Сакам да го споделам уверувањето дека Грамос го напуштаме привремено и само заради стратешки цели.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ја споделуваше со своите книги својата голема среќа дека на Балканот го пронашол својот вистински собрат по книги, со кого можеше да го сподели чувството на триумфот во поразот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Климент Камилски согоруваше длабоко во себе својот сон да го сподели на Балканот со другите, да влијае на луѓето на своето време.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сакаше со нив да го сподели расположението од среќата од последното читање кое не можеше да допре до неговите пријатели...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Помисли каде ли е сега заедно да го споделат мигот, да и дарува бакнеж, да си ја помилува рожбата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Го гледал вчера интервјуто на Кети Кјурик со Сара Пејлин, па сега бара жртва со којашто сето тоа би го споделил.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Имаше извесни мигови во кои исто така се чувствував особено убаво и се обидував тоа со некого да го споделам.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Залудно е да го стега перото, залудно е да зјапа во месечината, оти канџите на Нечестивиот му се закачија во срцето и тоа сега крвавеше со сомнеж, со тага и со безнадеж.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Нема подобро објаснување од она што го имал тогаш, нема нова вистина која во меѓувреме ја сфатил, нема поука, нема насока, нема големо просветлување во душата што може да го сподели со оние на кои цел ден им пишуваше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Убеден како и секогаш во силата на својот збор, на арамејски, наспроти грчкиот на кој разговараше со Римјаните, пред гневниот народ го раскажа својот живот и со нив го сподели мигот на своето духовно прображение на патот кон Дамаск.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Едноставно не можев да го сфатам човек кој не сака задоволството од рецепцијата на уметничкото дело да го сподели со други.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Можеби, тоа е висина на духовен растеж до која сѐ уште не сум стигнал, но јас, ако задоволството од прочитаното, виденото не го споделам со други, се чувствувам како да не сум исполнил суштествена обврска.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Не знае поради што, ама никако да го прифати како нормално дете кое оваа есен за прв пат треба да појде на училиште, особено не може да прифати почесто да се гледааат со Пеличка, нејзиното срце слути само лошо, чувство што не сака да го сподели со Пелагија.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Толку бев занесен од тоа мое себично воодушевување што се срамев да го споделам ова мое искуство со Загорка Пеперутката.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Арафат и Дарвиш ќе го споделат истиот револуционерен романтизам, како и сите други водачи на Фатах.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Вие значи морално бевте со него? - запрашав неочекувано.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој ќе го објави крајот на повелбата на ПЛО која ја одречуваше оружената борба како единствен пат во ослободувањето на Палестина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кога ќе стапи Јасер Арафат на чело на Организацијата за Ослободување на Палестина, во февруари 1969 година, Махмуд Дарвиш ќе биде петпати затворан во периодот од 1961 до 1967 година, ќе ги поврзе заедничкиот идеал да ја создадат слободна Палестина со нивната револуција која би била катализатор на арапското единство и не обратно (како што сакаа арапските режими).
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Дарвиш веднаш категорично прифати: - Се разбира, ние никогаш не го напуштивме Арафат, само не сакавме да го споделиме неговото гарантирано, ветено враќање во неветената земја!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
XXX Животот сакаше, судбината помагаше во моите дипломатски години да го споделам, на извесен начин, во замислената стратегија на Хенри Кисинџер, првиот чекор кон мирот во решавањето на палестинско-израелскиот судир, кој требаше да биде означен со првите палестинско-американски разговори во претседателската вила Магребија, во срцето на Картагина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Затоа, ги покануваме сите оние што сметаат дека е можно одредено подобрување на сознанијата презентирани во неа, да нѐ контактираат и да го споделат своето мислење со нас.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Својето разочарување на големиот одмор го сподели со колешката Магда.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)