го (зам.) - спасува (гл.)

Козите поживо од сите го враќаа него кон вистината за заедничкиот сон. – Ех, како се измешаа времињата! – извика Чанга. – Се измешаа, се измешаа! – И сега козите го враќаат човекот кон првиот сон, кон старата заедница, го спасуваат. Татко ми и со ова се согласи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Имало кози кои одвај се извлекувале, го спасувале животот по долгата опојна прегратка на незауздивиот прч.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во славниот филм на Сидни Ламет, Twelve an- gry men, Хенри Фонда како член на поротата подготвено ја прифаќа неугодната положба на осамен поединец наспроти сложното мнозинство и до крај застапувавајќи ја својата вистина успева да го промени мислењето на другите членови на поротата и на крајот го спасува невиниот.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Средбите со таквите луѓе му ја одржуваа надежта, му го спасуваа животот. Таков беше сега и другарот Чапаев.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во еден сеуште релативно ран момент од процесот на растворувањето на универзитетот и културата, студентите, далеку од желбата да го спасуваат мебелот (воскреснуваат изгубен предмет на некој идеален начин), одговорија дофрлајќи ѝ го на власта предизвикот на тоталната, моментна смрт на институциите, предизвикот на детериторијализацијата, многу поинтензивна од онаа што ја предизвика системот, и повикувајќи ја власта да одговори на тоа тотално свртување на научната институција, на тоа тотално откажување од акумулацијата на едно дадено место, на таа, во крајна линија, намерна смрт - не беше тоа криза на универзитетот, не е тоа некој предизвик, тоа е, напротив, игра на системот, но е смрт на универзитетот - на тоа власта не можеше да одговори, освен со сопственото распуштање (можеби само за секунда, но ние тоа го видовме).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Неговото преплетување со дејствието е многу посуптилно, се одвива со допирањето на храната, кое е причина за собирањето на гостите, и, најпосле, тој е оној што со гледањето го спасува барем споменот за страсната врска, по убиството на Љубовникот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Од друга страна, тие се плашеле дека нивната акција ќе биде наполно успешна ако извршителите во исто време мислат како да го спасуваат својот живот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Го предупредил веднаш да го спасува своето семејство107.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Не се ни обиделе да го спасуваат животното.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Под призрачната светлост на месечината почнувала нова сцена на големата драма со споулавени актери.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потоа се спријателил со двајца смеолики терикати со маузерки и конспиративно се побратимил со нив на вино.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пред почнувањето на борбите додека побратимите му помагале да го избрише со крпа мотоциклот од прав и црно масло, попот ги помолил да ја чуваат неговата торба со историски записи а за ежот ќе се погрижи самиот: ќе загине Доситеј, ќе остане Армодиј Давидовски да го спасува светот од змии и глувци и да тагува по својот набожен доброчинител.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
ФЕЗЛИЕВ: Јас само така... заради тренинг. Му потребува тоа понекогаш на човека. Му го спасува животот.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Животот го спасува техниката на дневниот живот: да се стави хартија во машината за пишување, да се напише текстот, да се прати напишаното во Амстердам, да се телефонира во Загреб...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Како ќе го спасуваш ако е од нагаз или магија или ако некој дух го јавнал! Не, не ќе оди за долго, Аритоне Јаковлески.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Животот на Мајка се ронеше во спасувањето на своите чеда, дури и кога стаса во доба чедата да го спасуваат животот, таа се повлекуваше во школката на својата осама, во домот со татковите книги, секогаш со жилава надеж да нѐ дочекува од некое враќање.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Неговата диплома, како во невозможна дипломатска мисија во татковината на животот, го спасуваше животот на семејството во балканската егзилска одисеја, без никогаш да ја открие својата Итака И конечно во стратегијата на спасувањето на своите деца и семејството во егзилската емиграција, покрај неговото речиси фанатично молчење за своето минато, кое според некои негови претпоставки можеше да биде опасно за неговите пет синови и едната ќерка, тој внимаваше тие да се определуваат за училишта и факултети кои го заобиколуваат затворот, како што нагласуваше во ретки прилики.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Крај брегот на Охридското Езеро, во Струга, многу години по неговото исчезнување, како да го доживеав второто татково постоење, запрено во неговите книги.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во неговите книги и ракописи, осудени да бидат закопани во заборавот на времето во некој подрум или таван, го откривав кодот на неговата судбина, смислата на неговите книги, да го спасува семејството...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во времињата кога беснееше фашизмот на двата брега на Езерото, останувајќи на некаква позитивна и спасоносна дистанца од режимите, Татко се нафати да ја врши адвокатската дејност. Се спасуваше, го спасуваше семејството бранејќи некој од некого.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Набргу по првите средби, и меѓусебното откривање на тајните на нивните библиотеки, Татко и Климент Камилски се сложија кои да бидат нивните клучни акции, произлезени од бесконечните можности и значења на нивните книги за да го спасуваат Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Токму во тој период во Татковиот живот се појави Климент Камилски со својата месијанска библиотека и со својата комплексна и тешко дофатлива и одгатлива личност со цел да го спасува Балканот од погрешните идеи во минатото и сегашноста во сите области на животот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ќе го судат. Ништо не го спасува.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Уметноста, која не го спасува својот творец, својот создавач во тежок миг, - уметност ли е тоа?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Нејзината поранешна мисија да го спасува семејството, децата, во војна, се менуваше во мисија да го спасува и во мирот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татко ги знаеше и сите детали за херојското држење на Мајка, кога го спасуваше семејството од прегратките на смртта, за време на грчко-италијанската војна во 1940 година. – Што стори со знамињата? – праша директно Татко. – Многу се изветвени за да можам да ги прекројам за облека за децата! – Барем за нешто да послужат! – дофрли Татко. – Тие си го отслужија своето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Минаа времињата кога Мајка го спасуваше семејството од бомби, од разните војски во родниот град крај Езерото, од ловците на сталинисти, кога се скараа Тито и Сталин, кога не сакајќи, ја скри сликата на советскиот маршал.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Таа, со сета своја енергија на мајка, низ си­те можни премрежиња на судбината, низ лавиринтите на сиромаштијата и на неизвесноста на војните, успеваше да го провлекува, да го спасува семејството, но остануваше несовладан митот на враќањето, на спасувањето од вна­треш­ниот егзил, односно враќањето во родната земја, оства­рувањето на семејната полнота.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Го спасуваше чувството за праведност и рамнотежа што ќе биде пресудно за иднината на семејството и во новиот режим кој се вестеше, но со верна мисла да го следи патот на јагулите кон Америка.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
„Запри Васј! Ја не сум ашедшиј!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Кого мислиш дека го спасуваш? Не боли тоа?“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Спискале тие и стрчале да го вадат од водата, да го спасуваат.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Јас немам резервна судбина, за да не верувам во таа што ја живеам.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Далеку сме од Лебедовото Езеро. Најпосле во недостиг на грациозните балерини, овие танчари ќе продолжат можеби да го спасуваат битното.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)