го (зам.) - сочека (гл.)

Се сврте и го здогледа брзо фрлениот поглед на еден човек со кратка брада, долго црно палто и паларија со широк раб на главата, кој брзо го поздрави градочалникот гледајќи да продолжи по својот пат.  „Елеазар”, викна Лука Карер по забрзаниот човек кој застана и го сочека со збунета насмевка.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сепак, ќе стасаат порано до колипката и ќе го сочекаат Циганчето на една клупа со откорнат наслон.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
„Се качив на врвот од планината, го сочекав самракот, потоа срамежливата, добра светлина на првата ѕвезда, па втората, третата, другите ѕвезди на темната дланка на небото ги палеа своите оганчиња, и јас знаев дека сите самовили, сите џуџиња, сите духови на претците се таму, на нив, на блиските ѕвезди, дури и фараоните, и светците, ја разбираат мојата желба, ми ја подаваат раката“.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Струпкотрнец, поп во прогонство (садистички убил жена што му се исповедала за неверство) го сочекува Џокомир седнат во лотус положба.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
МАРА: Седете тука, никој не ве тера. Нели рековте да го сочекаме Пандета додека дојде?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Таму ќе го сочекаат ќумурестото циганче, со насмеана, кадрава полуангелска – полуидиотска глава, да им продаде свежо уловена пастрмка со крвави шкрги.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
„Брзам бидејќи те знам од школски денови, Лука”, му одврати тивко Елеазар, рабинот на едната од двете градски синагоги.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Ако го надбори, во единаесеттата, Арапинот со бузи натекнати од насилство, ќе го предизвика на мегдан со буздовани: - ако го набие во почва, ќе го сочека, како петнаесетгодишник, аждерот со три глави - ако го обезглави, Мајката, со први бели во косата, му ја полни торбата со пита, јаболка, колачи со вишни што толку ги сака.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)