го (зам.) - сослуша (гл.)

Тој откако го сослуша, му рече дека се работи за опсесија.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Тој не само што ја има усовршено својата дарба внимателно да го сослуша секого со сенешто, макар и најздодевна будалаштина туку е и неверојатно љубопитен, дури и за работи коишто за ништо не можат да му послужат.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сите присутни ќе го сослушаат читањето на изреката на пресудата стоејќи (чл. 325, ЗПП). 7.  Објавената пресуда мора писмено да се изработи во рок од осум дена, а во посложените предмети исклучително во рок од 15 дена од денот на објавувањето.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако јавноста на главната расправа била исклучена, изреката на пресудата секогаш ќе се прочита јавно, а судот ќе одлучи дали и во која мера ќе се исклучи јавноста при објавувањето на причините на пресудата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кога дојдоа утредента од власта да го сослушаат Бандо тој нишаше со главата: „Не знам што ми стана...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Потоа застануваат простум да го сослушаат Евангелието.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Не беше ни да продолжи ни да се врати, само така од грб да го сослуша нејзиниот плачен, самообвинувачки глас.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кога правевме паузи меѓу читањата и одевме во дворот на библиотеката, брат ми ми кажуваше работи кои тешко можев да ги разберам, но сепак внимателно го слушав, бидејќи знаев колку му е важно некој да го сослуша, затоа што неговите пријатели беа посветени само на медицината, а тој сакаше нешто повеќе, тој сакаше да ги разоткрие тајните на човечкото суштество кои беа отаде анатомијата; Зигмунд беше уверен дека тоа растајнување би можело да се направи со вкрстување на разумот и чувствата, тој велеше дека и размислувањето, и чувствувањето се есенцијален дел од нас, и само при „соработката“ на тие два дела човекот може да се осознае самиот себеси.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Понекогаш тој ќе препрочиташе некоја од книгите кои ми ги препорачуваше – ги сакаше Софокле, Шекспир, Гете и Сервантес; од мене бараше да не ги читам Балзак и Флобер, затоа што биле полни со неморалности; Достоевски, кого тукушто го откриваше, ми го забрануваше затоа што бил полн со мрачни мисли.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Татко внимателно го сослуша, и видно потсмирен, рече: - Секретарот, се гледа е разумен човек.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Го сослушаа и попот, но тој само викаше: - Божја душичка, божја душичка беше Андро...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Паша Емиљевич подробно објасни.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Остап внимателно го сослуша и го заврши интервјуто со зборовите: - Безусловно, ова не претставува никаков интерес за противпожарната заштита.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)