го (зам.) - сопре (гл.)

Та уште снег ли ми беше кусо...да ме попречува дури размислувам: јадот како да го сопрам...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Но кој можеше да го сопре Чанга во неговата љубов кон козите, кон луѓето, кон животот?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Никој не можеше да го сопре ова движење на луѓето и козите, под командата на Чанга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Чанга обично одеше докрај во извршувањето на науменото, немаше сила што можеше да го сопре, особено кога го водеше инстинктот на вистината.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
На посетителот на Лајпциг ќе му го сопрат погледот и двете скулптури пред влезот на лајпцишката кафеана „Ауербахкелер“, кои го изобразуваат Мефистофела со омаѓосаните студенти од една од сцените во „Фауст“...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тогаш Фоте генералот го сопре целото друштво.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Мораме да го запреме, пред да отиде предалеку па никој да не може да го сопре. Ни Партијата...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Мирон Донски, виде не виде, бесот за својата немоќ да го сопре патот на орденот, го истураше врз својот заменик Псалтир Палигоров, а тие пак, обајцата, врз Татко. Едниот повеќе, другиот помалку.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Некој, јали бог, јали Владимир, јали некој трет може ќе го сопре Арслан бега, само тој нека попричека.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Бргу го сопреа два големи бункери, како големи бели очи на ридот, кои ми ја упатуваа последната закана: никогаш повеќе да не се враќам во родната земја зашто, во спротивно, ќе пукаат.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Не можев да го сопрам мојот антисталинистички рефлекс.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
„Ти ветив дека со чудо ќе го сопрам возот; и тој нема да влета во тунелот, Луцијо!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јас го молев да слезе, оти секој миг можеше да наиде експресот, но тој велеше: „Не грижи се Луцијо, јас правам чуда; ќе го сопрам возот со поглед, со еден блесок на очите ќе го сопрам; сум сопирал јас и поголеми нешта во животот, Луцијо!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Еразмо наизуст шепотеше непристојни пцости и погрдни зборови, викајќи по него, немоќен да го сопре, но, во исто време, мораше да го следи, да трча по бикот Чико, со сиот свој напор, независно од заморот, студот и тешките чизми, што му создаваа дополнителни тешкотии, разранувајќи му ги нежните пластови кожа на нозете.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Кога стравот од страв на единката станува страв на толпата, тогаш станува сеопшт и тогаш ништо не може да го сопре. А тие кои така наредија, сигурно му ја знаеја моќта...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кога минувал пред главните порти на “Топхане“, стражарот сакал да го сопре и да го задржи како сомнителен, се разбира, без да знае ништо за неговото тукушто извршено дело.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Го тераа Скрчета да го сопре и да не му дозволува да ја гради куќата.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Посакувам, од петни жили посакувам да го сопрам, да го вратам, колку само да земам здив.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Единствената желба во тие мигови беше да го сопре времето.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Никако не можеше да го сопре својот бес. Беше готов за „вадење“ грклани.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се трудам да се решам да го сопрам сето тоа што ми се случува. Во која ситуација сум пак сега!?
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Арафат призиваше во таа мисија секакви физички и метафизички сили.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Никој не можеше да го сопре на тој пат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Немаше сила која можеше да го сопре во преостанатите денови да продолжи да купува книги кај париските букинисти.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Клекна и се обиде да ми даде вештачко дишење, но го сопрев. Премногу ме болеше.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Се искривува за подобро да ме навредува...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
„Ебате Господ! Ама тој ти е ѓубре до крвта? Ништо нема да го сопре веќе!...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Прета двојно...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
- Токму така, мој Горски, да го сопре патот на јагулите!
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Јасно беше каде целеше Игоровата визија за можноста сталинизмот да го сопре засекогаш патот на овдешните јагули, низ создавањето на друг мал балкански Гулаг.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- И да го сопре патот на јагулите! - го прекина мигум Цветан Горски.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Истрча по неа, но го сопре рамнодушната бучава на Градот.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
„Дали некогаш си го пробала?“ ја прашав и одговорот ѝ го сопрев со бакнеж.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Глас: Бидувало ли: огнот да си шепоти со ветрот... оти ќе можат - мигот да го сопрат!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Можеби додека фотографите ловеле пеперутки успеале два-три пати да го сопрат времето.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Кога ја допре за половината, таа брзо го фати за лакотот, како да сака да го сопре, зашто го разбира и премногу добро.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)