го (зам.) - сокрива (гл.)

И правејќи си пат меѓу имотските луѓе, кои сè уште трчаат пругоре по скали на чардак, влегува во визбата; таму, од ѕидот до вратата, го симнува малото секирче, го сокрива в пазува, поа кога излегува од визба, на Васила, кој остана да го чека пред врата, му вели Одиме.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Максим влегува во гостинската одаја, од масата го извадува пиштолот, го сокрива в пазува и кога излегува на чардак на Јосифа, кој станал во меѓувреме, и на другите им вели Ко ќе застуди влезете внатре, а на Васила Митрески Ние со тебе, Васил, ќе се прошетаме малку.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ја погали, со треперлива рака, Руса по лицето и дури откако ја прекрсти со врвот од ножот што го сокриваше во ракавот на левата, од долниот раб на нејзиното лево око преку усните, меки и набабрени, до коренот на брадата направи секотина; веднаш потоа направи уште една таква на другиот образ и на истото место.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Преку дворните места на имотскиот живеалишни куќи и низ Западна Порта излегуваат во оградите и низ бавчите, прегазувајќи ја Голема Вода, се завкачуваат спрема Коритница, сè со вјасање - Максим за чекор понапред од Васила и од Карамана.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Таму, на Трескаец, за првпат го откри, а потоа, во Света Гора, и го домисли она што и ден-денеска го сокрива од луѓето и поради кое мисли дека е неподобен за вршење на свештеничка работа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Впрочем, можеше лесно да се насети, колку и тоа вешто да го сокриваше, дека не беше обичен рецепционер.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Офицерот навреме го сокриваше полупразното ќесиче. - Биди, биди. На татковината ѝ требаат соклиња.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Според тоа, оваа „таквост“ ќе може да ја прими и во неа да ужива само „објективната“ свест, т.е. свеста испразнета од оние егоистично-патетични наслојки кои од погледот го сокриваат вистинскиот изглед на работите. 32 Margina #10 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
ЛУКОВ: (Го зема и го проверува. Откако ќе го откочи, го сокрива под палтото.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ФЕЗЛИЕВ: (Отпрвин е изненаден од појавата на шишето пред него, потоа диво, како некој да ќе му го грабне, го зема и скоро го сокрива во себе.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ИВАН: Не прашај. Никогаш, никого не прашај го ова што ме праша сега мене. (Го сокрива својот поглед од погледот на Неда.) ...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Илко пак ја затвора дланката и го сокрива клучот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)