го (зам.) - сожалува (гл.)

— Аах, верата нивна чорбаџичка! Оти нивните половината не и јадат в'ците, токо угу наш'те? — го сожалува Ѓуро.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Друг искрено го сожалува: „Така ти било пишано да живееш сам како диво осле, како што те роди мајка ти на нивата...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Луѓето минуваат крај него, го загледуваат, од страв го сожалуваат и велат: - Завалијата!
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И тој го сожалуваше него поради тоа што не беше допрен од алхемијата која предизвика ова чудо да се случи во него.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
На некој начин, си помисли додека си дотураше нова чаша со виски, длабоко го сожалуваше премиерот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
На потсмев голем беше изложен отец Стефан Писмородецот (сега и од тука натаму Лествичник), и јас, иако не можев да го сакам, сепак го сожалував, оти од височини највисоки падна, како црн ангел согоре и се пеплоса.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
ПОЦКО: На здравје, куме, на здравје! (Му ја полни чашата пак со ракија.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АРСО: (Како да го сожалува.) Е, ама ќе ја држиш чашката дури не се испразни, зашто таа сирота, си нема столче, ѝ се окршило.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Можеби го сожалуваат и го мразат?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
В ред, в ред, тоа не значи дека сите ние не заспиваме и не се будиме со уверувањето дека не сме премногу злочести.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Обвинетиот Иван Ташин е копиле според вистинското значење на овој збор.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А сепак девојчето го сожалувам иако со забите одвај ја додржувам сеуште неизречената помисла: „Другар Канчевски, верувај, тоа беше најмалку од она што требаше да ти се случи!“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Некој го сожалуваше, некој му се потсмеваше. Така ти е тоа секогаш.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Го сожалуваа што не беше во состојба да купи најобична коза за да го спаси семејството!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Бидејќи сите го сакаа и го сожалуваа Мирчета, рекоа дека тука бездруго ќе е виновен и Бошко.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И кога Татко се врати од Цариград, со кадиско-адво­катскиот занает и со двата куфера со книги, првин сите се чудеа што не се вратил, по толку години, како многу други, со златни дукати, туку со некакви си дефтери, а други дури и го сожалуваа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)