го (зам.) - соголува (гл.)

Практично да се доведат во прашање, покренувајќи или учествувајќи во преобразбата на некоја општествена состојба или состојба на свест чијашто натурализација и деисторизација е во интерес на поединецот, да се постави прашањето за историчноста на структурите исто така е настан или ветување за некој филозофски настан.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Квечерина ја раздиплуваше известената војничка карта И на неа се мачеше да го распознае својот глас Врз полегнатата војска низ полето Ја корнеше мовта, го соголуваше камењето на тврдината Раскопуваше низ полето, ги чистеше рововите, И некаде на залез, студен ветер кога надоаѓа од замаглените ѕвезди, Тој долго стоеше простум и со војнички поздрав сам си ја пееше песната некогаш што ја пееја неговите момчиња: Отвори ја вратата, можеби ноќва ќе се вратам...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Како и обично, дури кварот на направата го соголува нејзиното дејствување.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Штом сенките некој ни ги отме Зарем нема да станеме глуварче (најпослушно дете на тишината)* што најдробен ветрец го соголува?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)