го (зам.) - смисли (гл.)

Ти овој проект, рече, не го смисли, се разбира, за мене, туку за себе и за Маказар, но се надевам дека ќе ми помогне и мене.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Не дека доктор Миха допрва се врати на религијата и Библијата, туку само остави неговиот инстинкт да проговори, можеби од слабините на неговите прадедовци или од жлебината на нивните молитви - но тој остана нем пред судбиината што го снашла и немоќен пред секаков одговор што можеше да го смисли неговиот разум.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тоа е она малку (или многу) што го смисли Правејќи ги внимателно чекорите наназад Човекот кој стоеше скаменет во огледалото Или Оној другион, кој веруваше дека заминал И исчезнал како конец во довршен гоблен…
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Што мислиш за болката на Синот Спасител Положен на одарот што човекот го смисли За да го прикаже достоинството на смртта?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
А ќе објават: исчезнатиот го смисли овој трик за да ја исмее вистината.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Зошто го смисли тој професор по сомневањата? За да имаш со кого да ја вежбаш иронијата?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се почесто заклучувам дека ми работиш зад грб!“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Ме одведе до Велес со џипот. Ете, тоа се случуваше“, рече, иако и самата беше свесна дека паузата што ја направи додека го смисли одговорот беше предолга и ѝ даваше на ситуацијата сјај на раскошна лага.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тие се тие што требало да го смислат мојот предмет. И тие се тие што треба да ја пишуваат книгава.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Е како убаво го смисли таа тоа.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Како кутнато стебло по надолнина однегде се дотркалал еден од племето на Проказниците, некој недоучен тревар Пандил Димулев, син на свој дедо, ако можело да се верува, зашто кога тој се раѓал, татко му не бил в село повеќе од две години; го кренал од земја скршениот дел на вилата, во недоумение да се прекрсти ли пред чинот за кој се определил или да го стори она што го смислил па потоа да побара прошка за својата душа. Бревтал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во грлото му зажуберкал плач, не многу поинаков од поранешното смеење.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Уште кога ќе го смисли зборот, почнува да му кркори.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не ни е нужно да мудруваме. Се ближи денот- ќе војуваме.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Јас не ви го кажав она што го смислив пред еден миг. - Што бладаш, што не си ни кажал?
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Тоа со дрвото само тој можеше да го смисли, проклет да бидам.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сакаше добро да го смисли одговорот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Јасна ме загледува сомничаво: - И ти сево ова сам си го смисли или некаде го прочита?
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Првин беше одлучено, тоа го смисли „твојот” гроф Чано, да се спои круната на нашиот крал Зогу Први со италијанската круна на Виктор-Емануел Трети. – Ти отиде далеку по историјата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ралф Валдо Емерсон, Природа Зборот „кибернетика” го смисли Норберт Винер (Wiener); во 1948-та тој напиша: „Решивме целата област на теоријата за комуникација и контрола, сеедно дали на машини или животни, да ја наречеме кибернетика; зборов го изведуваме од грчкиот збор за кормилар (сиц!).
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Зборот „cyber” беше редефиниран (во Речникот на американското наследство) како „теориско проучување на контролните процеси во електронските, механички и биолошки системи, особено протокот на информации во тие системи”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Го рече или го смисли ова Росана и во истиот момент исчезна?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во ред. И самиот може да го смисли одговорот. Се насмеа.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Колковите навистина ѝ се движеа како клатно на ѕиден часовник, дури ми се пристори дека нешто ми кажуваат тие движења и тој звучен ефект од нишањево не беше ништо друго туку објаснување за нејзината голема дарба: (тоа Катерина ми го рече откако стори неколку чекори), а малку подоцна додаде дека умеела да го изведе она кое Јана; за да посака да го изведе ќе морала најпрвин да го смисли а потоа долго да вежба и тоа само за да постигне нешто што сепак ќе личи на обична имитација.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Женава си е чист сурогат! рече, мислејќи веројатно на Јана, додека со нескриено самозадоволство си го потчукнуваше заобленото бедро со розовата дланка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тоа не го смислив јас, Васј! Тоа го рече дед Павел.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тука исто така е и системот за коцкање, што го смислив за да добијам на рулетот во Монте Карло.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Од тој момент и таа не можеше да го смисли.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)