го (зам.) - смирува (гл.)

„Добро, добро“, го смирува, веќе загрижена.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- „Ајде, ајде, - го смируваше Пискулиев. - Не е тоа ништо.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Многупати „камаратине“ го смирувале и го убедувале дека Лангачот не е овде.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Замрморува набрзина и го смирува лицето.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
„Ама не, не е тоа“, го смируваше Ташко.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
— Не викај толку и седни да не си а земиме бељата сите да не исколе Адем, — почна да го смирува стрико му Куле, — та ти шо не ќе стоиш да те продаваат, тоа друг есап е.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Болка како штракање со забите, но слатка, му проструи низ вратот и низ рбетот, сѐ до препоните, а телото му се грчи од задоволство.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ги става своите раце врз неговите нозе и го смирува, потоа стилизирано и таинствено го подигнува и го крши вратот на момчето.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Медитацијата го смирува умот, го челичи телото, го овозможува откривањето на неисцрпните извори на позитивна енергија. Таа е облик на пречистување на мислите.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Потем отец Ангелариј го изведуваше од храмот и го смируваше.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Овој плачеше како дете и го молеше Ангелариј да појдат заедно во Бугарија и да слезат во визбата на библиотеката на кнез Борис.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Со ноќи, со денови, во треска повторуваше некаква повест за некакви си заговорници што ја украле книгата и велеше дека секој момент, од завист или љубомора, словото може да биде уништено.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сега веќе таа го смирува него.) ...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Тогаш пак застануваше до некое стебло, си го смируваше полека сѐ поулетнатиот здив, а ако не гледаше зад себе, тогаш неговите очи ќе беа зачекнати напред, по угорницата, што требаше допрва да се преборува, допрва да се кутнува и да се остава, опорито и неизбежно.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Нешто меко скокотливо и пријатно му се вселува во телото и овој чуден сок - ракијата го смирува и здобрува со луѓето.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Таа празничност негова го смируваше и здобруваше малку.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Немој, бре Вендија, не расипувај ја свадбата, ќе му се доближи трет да го смирува, да се разбере, а Дуко Вендија и него го светнува преку муцка и црвени мазници му потекуваат од носот, од устата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но нешто, сепак, го смируваше. Не, не е можно толку лесно и едноставно да ја сретне.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Чудно, помисли, оваа релација секогаш го смируваше.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Обид Се обидувам да ги наредам боите на виножитото во твоите очи... наутро жолтата да ме буди како сонцето, напладне црвената да ми дава живост, попладне зелената да ми го смирува уморот, а навечер сината да ме потсетува на залезот во синилата на морето, да можам спокојно да заспијам...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Од почеток Исчезнувам и пак се појавувам, и бројам, Во секој ден го бројам нашето време, движењата на усните твоите зборови, мислите, миговите на спокој, ми го смируваат исчезнувањето, така ми е полесно.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Сопругата продолжи да го смирува и остана до утрото крај него.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Малото дете врескаше од страв и ја криеше главата во нејзините гради како да се обидуваше да се закопа во неа, а жената ги ставила своите раце околу него и го смируваше иако и самата беше модра од страв, за сето време покривајќи го колку што е можно повеќе како да мислеше дека нејзините раце можат да ги одбијат куршумите од него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Го тегне сиџимот и сака да се ослободи, но попот го фаќа со раце, го смирува и пак го пушта.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И дури тоа така тегне, попот го смирува, му зборува, небаре оно разбира.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Првиот час географија. Гласот на ѕвоното не го смирува урнебесот во класот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Роса го смируваше со благи зборови Ти да не се плашиш чичо Диониш, с врнаме на истото место.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Го смирува тоа што Родна пак легнува, ја напикува својата топла снага крај него, а и тој, како и Вангел, не сака многу да оди по умот на жената.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Идеа поворки познати и непознати луѓе да го смируваат, да го тешат големото Мајкино срце, на кое многумина му должеа многу живот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но таа вечер беше обземен од сите стравови претрпени тој ден, не сака­ше око да затвори...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Му го дркам малце, тоа го смируваше обично... лесно го заспиваше...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
- По преданијата, на ова место најмногу сакал да седи свети Наум и да гледа во езерското синило кое го смирувало по напорната работа што ја имал при препишувањето на светите книги... - рече игуменот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Небото зад нив беше уште помеко и попроѕирно, го смируваше капетанот оддалечувајќи го од опасноста.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Чадот, жолтеникав и мирудлив, толку го смирува што Пандо може по цели часови да лежи под сенката на старата подгниена слива, да гледа во небото, во облаците, во летот на соколите и, без да му трепне око, да ги слуша лелеците на жените што ги оплакуваат своите најблиски.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Стрчна мајка ми кон него и почна да го влече за раменици и да го смирува татко ми.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)