го (зам.) - сметне (гл.)

ИВАН: Не мислиш дека имале смелост да го пречекаат возот, да го сметнат од воз и...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Тој го сметна сега и качкетот и го кладе на колено, како да сакаше со тоа да рече: што ме мислиш ти мене?
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Му пристапија на коњчето, му го сметнаа самарчето, го зедоа и тргнаа низ коријата...
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Тоа никогаш не можеше да го сметне од мислите, од сеќавањето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Или барем да успееш од некаде од подалеку да ги видиш малку поинакви, да го подзаборавиш сето она за нив, да го сметнеш тоа за нив и да ги видиш во некоја малку поблага, малку понова светлина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се мачеше да го сметне од себе сето време додека продолжуваше да се мие со снегот пред вратата; се мачеше да го истрие од своето лице неговиот млак допир додека притискаше со белата грутка по слепоочниците и по густо обраснатата брада, а кога не успеа, во него остана знаењето дека вчерашниот ден мораше да ги остави по себе сите свои трагови и дека тој ќе мора нив уште долго да ги носи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)